КАФЕ ПАУЗА

Не е ваша вина доколку некој ви го скрши срцето, но ваша обврска е да ги исцелите вашите рани!

Не е ваша вина доколку некој ви го скрши срцето, но ваша обврска е да ги исцелите вашите рани!

Ако барем еднаш во животот некој ви го скршил срцето, знаете колку може да биде болно тоа искуство. Тоа влијае така што се чувствувате понижени, напуштени, заборавени, па дури и виновни. Дури и кога ќе помине времето, раните и лузните можат долго време да останат по раскинувањето. Токму тие рани често ги спречуваат луѓето да одат напред и да го живеат својот живот.rnrnНе е ваша вина доколку некој ви го скрши срцето, но ваша обврска е да ги исцелите вашите рани!rnrnЗапомнете, што и да се случило, не сте заслужиле никој да ве третира лошо. Вие сте личност која заслужува да биде сакана и почитувана. Тоа што се случило е дел од минатото, негативно искуство кое ве повредило, но време е да сфатите дека вашиот живот се одвива овде и сега и затоа со сите сили треба да продолжите понатаму.rnrnНа патот може да се појават пречки, сенки од минатото кои ќе ви кажат дека ништо повеќе нема да биде исто, но вие сте посилни од нив. Може да се појави и страв од непознатото затоа што долго време сте заробени во вашата удобна зона, но запомнете дека вие сте поголеми од сопствените стравови.rnrnЗа да можете да продолжите понатаму и конечно да отворите нова страница во вашиот живот, прво мора да се соочите со негативните слики во себе. Мора да го прифатите минатото за да можете да го започнете процесот на исцелување. Обидете се да ја прифатите болката, погледнете се во огледало и кажете си: „Ова сум јас, несигурен/а и скршен/а, но ќе најдам внатрешна сила да се извлечам од овој хаос!“rnrnБолката низ која сте поминале можеби не е ваша вина, но процесот на заздравување е ваша одговорност. Тоа е најмалку што можете да направите за себе после негативно искуство во љубовта. Соочете се лице в лице со работите кои ве плашат. Само на тој начин ќе внесете нова, возбудлива светлина во вашиот живот.rnrnЗапомнете дека животот е неизвесно патување, но вие имате право да изберете како ќе се вклопите во неговите текови. Животните искуства ве менуваат, понекогаш болат, понекогаш ве прават среќни, ве инспирираат и мотивираат. Но, пред сè, се работи за тоа како вие ќе одберете да реагирате на нив.rnrnЗатоа, наместо да бидете жртва, бидете херој на сопствената приказна!rnrnОткако прочитавте за процесот на заздравување по неуспешната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs