КАФЕ ПАУЗА

Науката открива: Како да бидете посреќни на работа?

Науката открива: Како да бидете посреќни на работа?

Written by

in

,

Повеќето од нас работат затоа што мораат и не се среќни на работа, а тоа незадоволство влијае и на други аспекти од нашиот живот. Сигурно сте ја слушнале изреката: „Најди работа што ќе ја сакаш и нема да мора да работиш ниту еден ден од животот“. Ова звучи логично, бидејќи не би требало да се чувствувате како да работите, ако навистина го правите она што го сакате. Сепак, во реалноста работите стојат малку поинаку.rnrnНауката открива: Како да бидете посреќни на работа?rnrnСпоред најновите истражувања, најголемиот број од луѓето ја немаат таа среќа секое утро да „скокаат“ од кревет и со задоволство да го започнат денот. Всушност, работата е една од активностите што предизвикуваат најмалку среќа.rnrnНаучниците користеле иновативна технологија за да направат анализа како испитаниците се чувствуваат во врска со нивната работа и другите задачи што треба да ги извршат. Тие ги снимале нивните моментални реакции преку мобилна апликација наречена „Mappiness“. Илјадници испитаници од Велика Британија требале да ја оценат нивната среќа, како и други детали поврзани со нивните секојдневни задачи. Не е никакво изненадување тоа што истражувачите откриле дека токму работните задачи предизвикувале најголем стрес кај учесниците.rn

„Многу ретко се случува поединците да се почувствуваат исто толку среќни на работа колку што се среќни кога немаат работа, дури и кога работата е во комбинација со поопуштени активности што носат задоволство. Платената работа се наоѓа на последно место во однос на сите други 39 активности што испитаниците пријавиле дека ги прават, со исклучок на боледувањето во кревет“, открил еден од истражувачите.

rnНауката открива: Како да бидете посреќни на работа?rnrnТоа значи дека работата носи речиси исто толку задоволство колку и боледувањето. Секако дека овие резултати не важат за сите. Некои луѓе навистина имаат работа во која уживаат, но ова истражување докажува многу, бидејќи е првото што ги анализирало моменталните реакции на луѓето во текот на денот. Според резултатите, дури и да си ја сакаме работата што нѐ исполнува, сепак многумина од нас ги мразат секојдневните работни обврски. Доколку работите како шефови, обрнете внимание на ова истражување, бидејќи не само што среќните вработени се попродуктивни, туку и го зголемуваат профитот на бизнисот.rn

Како да бидете посреќни на работа?

rnПостојат голем број работи што можете да ги направите за да бидете порасположени на работа. Не е никакво изненадување тоа што сѐ започнува од будењето. Најважно е да се разбудите среќни! Истражувачите докажале дека ако станете на десна нога, ќе создадете ситуација што ќе ви го поттикнува позитивното расположение во текот на целиот ден.rnrnУште еден ефективен начин да го задржите доброто расположение на работа е да ја „убиете“ досадата. Според едно истражување, само 32% од луѓето се активно посветени на нивната работа, што значи дека останатите не се посветени воопшто. Според истражувачите, проблемот лежи во досадата.rn

„Ако ви е здодевно на работа, побарајте можност да научите нешто ново или да преземете повеќе одговорности“, советуваат тие.

rnОсвен тоа, ако им помагате на колегите на работа, незадоволството ќе се намали. Посреќните работници им помагаат на нивните колеги 33% повеќе од оние кои не се среќни.rnrnАко ништо од ова не ви помогне, можеби треба да размислите за промена на кариерата или за давање отказ. Се работи за вашиот живот и можете да живеете како што сакате.rnrnПрочитајте ги и овие 4 знаци дека треба да најдете друга работа.