Повеќе од половина милијарда луѓе ширум светот имаат вишок килограми, но нашата телесна тежина е последица на многу фактори и не можеме секогаш да ја обвинуваме брзата храна. Доколку вежбате и внимавате на вашата исхрана, но сепак постојано се дебелеете, следниве неколку научно докажани причини можеби ќе ви ја откријат мистеријата и ќе ви помогнат да разберете зошто тоа се случува…rnrn
rn
Ги одбегнувате семејните ручеци и вечери
rnИстражувањата покажале дека семејните оброци можат да ве заштитат од вишокот килограми. Собирањето за ручек или вечера со семејството нуди можност за емоционално поврзување помеѓу членовите од семејството што може да доведе до стекнување здрави навики за исхрана. Според резултатите од истражувањето, кај децата кои ручале со семејството најмалку три пати неделно постоела 24% поголема веројатност да јадат здрава храна од оние кои поретко ручале со нивните семејства.rn
Година на раѓање
rnДоколку сте родени по 1942 година, бидете внимателни. Истражувањата покажале дека дебелеењето во голема мера зависи од годината на раѓање. Кај луѓето кои имаат генетска мутација склона на дебелеење постои поголем ризик од вишок килограми ако се родиле по 1942 година.rn
Класична музика во ресторани
rnСпоред едно истражување, луѓето консумирале повеќе храна и кафе во ресторани со класична музика во позадина. Овој податок треба да го имате предвид ако сакате да ги намалите килограмите.rn
Работење навечер
rnЛуѓето се програмирани да спијат кога е темница и да јадат во текот на денот. Работењето навечер ќе ја зголеми вашата телесна тежина, бидејќи го нарушува психолошкиот циклус, а тоа доведува до целосно намалување на дневниот трошок на енергија. Ако работите навечер, решението е да јадете помалку за да го спречите дебелеењето.rn
Не спиете доволно
rnНаучно докажано е дека недостатокот на сон го зголемува вишокот килограми. Спиењето игра важна улога во здравиот метаболизам, па според тоа, кога не спиеме доволно, јадеме повеќе како еден вид на физиолошка адаптација за да останеме будни.rnrn
rn
Загадување на околината
rnИзложувањето на одредени загадувачи на околината покажала зголемен ризик од дебелеење. Причината лежи во тоа што некои загадувачи се таложат во масното ткиво. Тие стигнуваат до телото преку храната богата со маснотии, како што се месото и масните риби.rn
Гледање премногу телевизија
rnДоколку поминувате повеќе од два часа дневно пред телевизор, ќе бидете изложени на 23% поголем ризик од вишок килограми. Спиењето пред телевизор исто така го зголемува ризикот. Според едно истражување, изложувањето на вештачка светлина навечер додека спиеме, го намалува нивото на мелатонин, хормон кој нѐ штити од метаболични нарушувања кои, пак, предизвикуваат дебелеење и дијабетес.rn
Стрес, депресија, анксиозност
rnЖените кои страдаат од посттрауматски стрес се здебелуваат побрзо од оние кои не поминуваат низ истата ситуација. Но, добрите вести се што со намалувањето на симптомите на ова нарушување, и ризикот од дебелеење исто така се намалува. Освен тоа, многу луѓе реагираат на стресот со тоа што јадат храна богата со маснотии и шеќери. Научното објаснување за оваа појава е тоа што овој вид храна влијае на центарот во мозокот одговорен за чувството на задоволство и утеха.rn
Јадење храна со ниска масленост
rnЕдно истражување покажало дека јадењето високо маслени млечни производи е поврзано со намален ризик од зголемување на телесната тежина, бидејќи тие многу побрзо заситуваат од производите без маснотии или со ниска масленост. Освен тоа, истражувањата покажале дека многу од производите кои се рекламираат како ниско маслени содржат повеќе калории од оние кои се сметаат за високо маслени.