Свинската маст не може да замени ниту една крема од продавниците, а најверојатно не можете ни да замислите колку големи придобивки може да ви донесе. Понекогаш решението за нашите проблеми знае да ни се крие под носот, а тоа е ситуацијата и со свинската маст за нега на кожата и косата.rnrn
rn
Свинска маст за коса
rnМожеби звучи чудно, но оваа маст е одлична за сувата кожа. Личностите кои ја користат велат дека по нанесувањето свинска маст, нивната коса брзо станува помека и побујна. Што се однесува до начинот на користење, најдобро е да се нанесе на нечиста коса и тоа непосредно пред миењето, а веднаш потоа да се испере со чај од камилица. Свинската маст има најдобар ефект кога се применува на сува и светла коса.rn
Свинска маст за кожа
rnИзгледа дека свинската маст е еден од најдобрите лекови за отстранување на мозолчињата што не поминуваат некое време. Вие само треба да ги намачкате и тие ќе исчезнат. Некогаш жените користеле препрана свинска маст за нега на испуканите пети, лакти и раце. Со оглед на тоа што маста има прилично непријатен мирис, обично ѝ се додаваат сода бикарбона, парфеми или билки како невен или камилица за да се неутрализира. Домашните креми направени од свинска маст најчесто се препорачуваат за нега на сувата кожа.rn
Свинска маст за лице
rnКога станува збор за користење на свинската маст за нега на лицето, потсетете се дека и жените во минатото имале прекрасна кожа на лицето иако ги немале кремите што се достапни денес. Тие ова го постигнувале токму со свинска маст како основната компонента во домашно подготвените креми и маски за лице.rnrnУште нешто што научивме од нашите баби: Ова се 3-те работи што тие секогаш ги имале во домот!