Можеби не вежбате, а можеби вежбате напорно, но вашите раце сè уште не изгледаат големи затоа што природата ви дала баш такви раце кои изгледаат слабо дури и кога се добро обликувани. И во таква ситуација можете да ги истакнете кога носите маица или кошула, но треба внимателно да ги изберете затоа што секоја од нив дава различни визуелни резултати. За таа цел следете ги овие совети.rnrn
rn
Маица
rn
Одберете маица со пократки или потесни ракави
rnАко маицата има широки ракави вашите раце ќе изгледаат како да се загубени во нив. За да одберете вистинска големина, измерете ја ширината на ракавите со помош на прстите. Во ракавот треба покрај раката да собира уште два прста. Ако собира повеќе, тоа значи дека ви треба помала големина.rn
Одберете го вистинскиот материјал
rnМаиците кои покрај памук содржат и ликра или некој друг синтетички материјал кој се собира и проширува ќе ви завршат подобра работа затоа што се приспособуваат на раката. Маиците изработени само од памук се ризичен избор за вас.rn
Носете еден број помала маица
rnАко ви стои добро и на останатиот дел од телото, маицата која е еден број помала од оние што обично ги купувате ќе направи рацете да ви изгледаат поинаку.rnrn
rn
Кошула
rn
Внимавајте на кројот
rnСекогаш носете струкирана кошула која ќе ви биде точна. Некои луѓе сметаат дека „кошулата треба да биде комотна“, но со тоа доаѓа и лошиот изглед,особено кога се рацете во прашање.rn
Внимавајте на големината
rnИсто како и кај маиците, ниту ракавите на кошулата не треба да ви се преголеми. Не смее да има многу простор помеѓу неа и раката.rn
Засукајте ги ракавите
rnЗасукајте ги ракавите до под бицепсите. Тоа ќе создаде впечаток дека тие се поголеми.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.