КАФЕ ПАУЗА

Највкусните светски кујни

Највкусните светски кујни

Патувањето е од суштинско значење за сите оние кои сакаат да вкусат сè што светот може да понуди. За целосно уживање во симфонијата на вкусови, ова е нивниот водич низ највкусните светски кујни. Највкусните светски кујниrn

10. Либанска кујна

rnЛибанската кујна претставува комбинација на сите вкусови кои Блискиот Исток може да ги понуди. Храната е обично медитеранска и во најголем дел се состои од зеленчук, додека месото е послабо застапено. Од сите либански специјалитети најпопуларно е предјадењето познато како „мезе“ кое се состои од разни сосови, кисели краставички, салати и арапски леб. Либанската кујна изобилува со овошје и свежа морска храна. Оваа земја е позната и по ориенталните слатки поради кои Триполи е познат како „слаткиот главен град“ на Либан.rnrn

Највкусните светски кујни
Либанско мезе
rn

9. Грчка кујна

rnСо огромно влијание на турската и италијанската кујна, грчката кујна се фокусира на маслиновото масло, зеленчукот и растенијата кои се специфични за Медитеранот. Јадењето во Грција е поразлично од јадењето во грчки ресторани во другите земји. На пример, додека за сите гирото е национално грчко јадење, Грците него го сметаат за еден вид брза храна. Рестораните кои служат грчки специјалитети, познати како таверни, иако постојано се во тек со најновите кулинарски трендови, главно нудат автентични национални јадења.rnrn

Највкусните светски кујни
Гиро
rn

8. Шпанска кујна

rnШпанската кујна овозможува полесен пристап кон храната затоа што содржи голем избор на месо, риба и зеленчук. Морската храна е доста застапена заради нејзината лесна достапност во околните водни пространства. Според одредени истражувања, шпанската кујна троши најмногу масло за јадење од сите кујни во западна и централна Европа. Најпознатиот шпански пијалак, кој совршено се комбинира со секој шпански специјалитет, е сангрија – пијалак кој е мешавина на вино и овошје.rnrn

Највкусните светски кујни
Паеља
rn

7. Јапонска кујна

rnПозната по својата сезонска храна и нејзиниот квалитет, јапонската кујна брзо стана кулинарски тренд во светот. Составен дел на секој јапонски специјалитет се сојата и белиот ориз. Токио се смета за „највкусен“ главен град затоа што во него се наоѓаат 150 најдобро рангирани ресторани во светот, за разлика од Париз и Лондон кои имаат 148 вакви ресторани.rnrn

Највкусните светски кујни
Јапонски појадок
rn

6. Мексиканска кујна

rnПозната по своите различни вкусови и мириси, мексиканската кујна е резултат на интеракцијата меѓу шпанските конквистадори и Ацтеките. Вкусната мексиканска храна денес е комбинација на древните традиции на Маите, Ацтеките и Шпанците. Французите, исто така имале влијание врз мексиканската кујна, воведувајќи ги слаткиот леб и белите пецива. Мексиканското мени содржи и егзотични специјалитети како игуана, инсекти, ѕвечарка, елен, па дури и месо од мајмунот пајак.rnrn

Највкусните светски кујни
Тако
rn

5. Тајландска кујна

rnМногумина велат дека тајландската кујна, која сама по себе е мешавина на топло, кисело, горчливо и слатко, е доволно добра причина да се посети оваа земја. Во тајландските јадења често се застапени свежите билки како лимон и коријандер. Слично на многу азиски кујни, оризот е главна состојка во тајландската храна. Често се сретнуваат и силниот рибен сос „nam pla“, пастата од ракчиња и тестенините. За оние што сакаат да пробаат нешто ново, тука се и суровото говедско месо, пастата од ферментирана риба и пржените ларви.rnrn

Највкусните светски кујни
Тајландски оброк со бел ориз и рибен сос
rn

4. Индиска кујна

rnИндиската кујна е толку разновидна што само еден дел од оваа кујна е познат во светот, а тоа е кујната на северна Индија, позната како пенџапска кујна. Храната е претежно вегетаријанска, но вклучува и јагнешко, козјо и пилешко месо, па дури и риба. Типичните индиски јадења се многу зачинети и се консумираат на земја, без прибор за јадење.rnrn

Највкусните светски кујни
Гарам Масала
rn

3. Кинеска кујна

rnКинеската кујна, за која се смета дека секојдневно ја консумира една третина од светското население, е уште еден кулинарски тренд во светот. Храната е лесна за подготовка, евтина и вкусна. Поголемиот дел од храната се подготвува во вид на посебни залачиња, со цел да се избегне употребата на ножеви и вилушки. Кога се служи храната, секој посебно се послужува со чинија ориз, а остатокот од храната се дели меѓусебно. Некои кинески специјалитети се подготвуваат од загрозени видови на растенија, а има и такви кои јадат и кучешко месо.rnrn

Највкусните светски кујни
Традиционален кинески оброк
rn

2. Италијанска кујна

rnИталијанската кујна е една од најстарите светски кујни. Нејзините почетоци датираат од 4-от век пред нашата ера. Со откривањето на Новиот Свет, во италијанската кујна беа додадени компирите, биберот и пченката. Типичниот италијански оброк се состои од четири дела: предјадење, прво јадење (порција тестенини или ориз), второ јадење (порција месо) и десерт. Италија е исто така позната и по повеќе од 400 видови сирење и над 300 видови колбаси.rnrn

Највкусните светски кујни
Италијанско предјадење
rn

1. Француска кујна

rnФранцуската кујна е исто толку популарна како и француската уметност. Со текот на годините француската кујна се развивала до тој степен што денес може да се нарече „високата кујна на 21-от век“. Карактеристични за француската кујна се виното, сирењето, но и колачите. Оваа кујна е застапена во целиот свет. Само во Париз, на пример, постојат повеќе од 5.000 места за јадење, со цени достапни за сите.rnrn

Највкусните светски кујни
Француски појадок
rnrn.rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.