КАФЕ ПАУЗА

Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

Секоја возраст со себе носи одредени здравствени ризици. Токму од таа причина, лекарите советуваат да правите навремени здравствени прегледи, а овие се најважните за секоја возраст.rnrnНајважните здравствени прегледи за секоја возрастrn

18 години

rnОд овој период до крајот на животот, важно е да се прави комплетна крвна слика еднаш годишно. Покрај тоа, лекарите советуваат систематски преглед за да ги следите сите можни промени во телото. Исто така, 18 години е идеално време да започнете да одите на редовни прегледи на кожата. Така, навреме ќе ги забележите промените на кожата, како што се меланом и сл.rn

21 година

rnЛекарите препорачуваат жените по 21-та година редовно да посетуваат гинеколог, кој ќе ги направи сите потребни анализи. Исто така, се препорачува ултразвук на градите до 30-годишна возраст.rn

40 години

rnВо овој период, се препорачува да одите на мамографија. Особено ако имате семејна историја на рак на дојка.rn

45 години

rnНајчести видови рак се ракот на белите дробови, панкреасот, црниот дроб, дебелото црево и дојката. Ракот на дебелото црево е најлесно да се третира ако се открие на време. Затоа, лекарите советуваат да одите на редовни прегледи во овој период.rn

55 години

rnСе препорачува мажите да одат на редовен преглед на простата од 55-годишна возраст. Исто така, се препорачува да правите преглед на белите дробови.rnrnИако можеби не изгледа неопходно да одите на лекар кога се чувствувате целосно здрави, треба да знаете дека превенцијата е клучна. Во многу случаи, за жал, болеста не покажува никакви симптоми додека не е во напредна фаза.rnrnЗатоа, колку порано се открие проблемот, толку е поголема веројатноста да бидете целосно излечени.rnrnПрочитајте кои 7 работи ги открива начинот на одење за вашето здравје.