Најпопуларни бои на лакови за нокти за пролет, 2014

Сподели

Пролетта полека се приближува, а со неа ќе ни дојде и потопло време, подолги денови и многу повеќе сонце. Најдобриот начин да ја пречекате е со светол и весел маникир. Пастелните бои оваа сезона се во тренд, па затоа тргнете ги настрана темните и силни бои на лакови за нокти. Бидејќи има толку многу голем избор, ние одвоивме дел од боите кои ќе бидат најпопуларни оваа сезона. Погледнете.

Реклама

rn

Бели бои

rnБелата боја е новата неутрална. Но, и покрај тоа што можеби ви изгледа како најлесниот избор, доколку почнете да ја барате совршената нијанса за вашите нокти, ќе сфатите дека постојат повеќе варијации отколку што можете да замислите. За среќа, сите овие нијанси одговараат на сите тонови на кожа.

rn

Жолто-зеленикави бои

rnИ покрај тоа што овие нијанси на бои се малку необична комбинација и потребно е време за да се навикнете на нив, доколку сте расположени за експериментирање нема да згрешите со овој избор.

rn

Сиво-кафеави бои

rnОваа нијанса на боја на лакови е остварување на сон. Таа изгледа прекрасно на ноктите, никогаш не излегува од мода и ќе ви одговара со сите видови и бои на облека и шминка. Не можете да не ја сакате, нели?

rn

Црвенкасто-розови бои

rnЛаковите во корална боја секогаш ќе бидат еден од омилените избори за време на потоплите зими, но оваа сезона трендот преминува кон понежните нијанси. Овие бои не упаѓаат директно во очите, но сепак можете да ја контролирате нивната сјајност во зависност од тоа колку вие сакате да бидат впечатливи.

rn

Морско зелени бои

rnДоколку ви е здодеано од различните нијанси на ментол и не сакате веќе да носите силна смарагдна боја на нокти, дозволете им на морско-зелените нијанси да бидат вашиот нов избор. И покрај тоа што е слична со ментол, оваа нијанса е поблиску до сината и поради тоа и дава неочекуван пресврт. Суптилна разлика, но доволно да ја освежи вашата колекција на зелени лакови за нокти.

rn

Бледо сини бои

rnКога сината е многу бледа, таа станува слична со белите нијанси, а со тоа и скоро неутрална. Бледо сините бои одговараат на скоро сѐ, но истовремено и ќе направат вашите нокти да се издвојуваат.

rn

Пастелни розови бои

rnСите сме поминале период во кој сме биле зависни од пастелни розови бои на лакови. Во нив едноставно постои нешто освежително и деликатно, особено во начинот на кој тие изгледаат на ноктите – совршено за дочекување на потоплото време.

rn

Виолетови бои

rnЛаковите во сивкасто-виолетова боја оваа сезона се едни од најпопуларниот избор. Тие се совршениот компромис помеѓу сиво и виолетово и токму затоа спаѓаат во неутралната територија. Можете без размислување да ги носите и на работа и на вечерно излегување.

rn

Нежно жолти бои

rnДоколку чекавте соодветен момент за да испробате жолти нијанси на лакови за нокти, но долго време не можете да најдете нијанса која ви се допаѓа, тогаш можеби треба да им дадете шанса на овие. Бледите жолтеникави бои ја немаат силината на бојата на лимон, но сепак им овозможуваат на вашите нокти суптилна експлозија на боја.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира