Без разлика дали ви треба инспирација за следниот пат кога ќе закажете на маникир или пак, сакате да почнете сопствен „направи сам“ проект, во продолжение следуваат најголемите летни трендови во светот на ноктите.rn
Две бои за двете раце
rnНе можете да се одлучите помеѓу две пастелни бои? Одберете ја едната боја за десната, а другата боја за левата рака. Проблемот е решен!rn
Минималистичко светкање
rnКој би рекол дека овие два збора можат да одат во една реченица? За да го пробате овој тренд, сè што треба да направите е една вертикална линија со светки. Ако самите се лакирате, тогаш поставете лента селотејп на едната страна и водете се по неа за линијата да биде совршено права.rn
Бледо жолто
rnОваа нијанса е голем хит за оваа сезона, а тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот што е совршената летна боја – таа е како сончева светлина во шише!rn
Уметноста на Пикасо
rnТенките црни линии на еднобојна неутрална основа ќе ви овозможат да можете да ги комбинирате вашите нокти со сите парчиња облека во вашиот шкаф.rn
Колоритни цветови
rnЦвеќиња за летната сезона? Неверојатно откритие! Шега на страна, цветовите се секогаш најдобриот избор за вашите нокти доколку сакате да го почувствувате летото во целост.
Овие 10 модни трендови ќе владеат во 2018-та година, а многу од нив веќе ги имате во вашиот гардеробер!


