КАФЕ ПАУЗА

Најголемата тајна за луѓето: Нејзиното откривање е меч со две острици

Најголемата тајна за луѓето: Нејзиното откривање е меч со две острици

Written by

in

,

Станува збор за тајна што се крие во секој од нас и која чека да биде откриена. Но, нејзиното откривање ќе ви донесе или среќа или тага во зависност од вашиот поглед кон работите. Вистината е дека условите во кои живееме не се секогаш пријателски настроени. Тие нѐ ограничуваат и нѐ држат затворени на едно место. Поради тоа, бидете тоа што сте. Вашата неавтентичност е главниот причинител на болката што ја чувствувате.rnrnНајголемата тајна за луѓето: Нејзиното откривање е меч со две острициrnrnЧовечкиот ум е програмиран да чувствува јад и да живее во беда. Тој е програмиран да решава проблеми и затоа постојано самиот ги создава. Вистинското решение, пак, лежи во креативноста а таа доаѓа од друго место каде што постојат свежи идеи и перспективи. Животот е сон, но луѓето самите го претвораат во кошмар.rnrnВо секој момент и во кое било време, може да се трансформира и обнови изгубената енергија и да се тргне во една подобра насока што ќе ви донесе задоволство и чувство на исполнетост. Но, луѓето ретко ја ценат сопствената уникатност или оригиналноста на одредена ситуација, затоа што се принудени да следат и почитуваат некои ограничени шеми и правила. На тој начин и нашите искуства стануваат ограничени.rnrnЛуѓето по цели денови брзаат некаде, се грижат и размислуваат, а притоа не доживуваат ништо. Кога болката во срцето ќе престане, тие веднаш ја заменуваат со друга. Никој не е среќен, а светот е полн со неволји.rnrnЛуѓето се програмирани да размислуваат на тој начин. Уште од самото раѓање ни велат дека треба да одиме против себе за да се прилагодиме на одредени бесмислени ритуали и ограничени правила. Луѓето го потиснуваат фактот дека ќе умрат, па дури и дека целиот свет би можел да изумре.rnrnКолкумина од нас вистински живееле без да му нанесуваат штета на светот со сопствените проблеми? Денес можеби сончевите зраци ви го галеле лицето, птиците летале над вас и малото детенце од соседството ви се насмевнало, но дали забележавте нешто од тоа? Зошто не можеме да ја видиме убавината на обичните, мали нешта?rnrnТоа е така затоа што не сме таму каде што треба да бидеме, туку сме на некое друго место. Живееме во минатото, а се плашиме од иднината. Но, не треба да бидеме на друго место освен овде. Не постои друго време освен сега и ние не сме тие што сме, а не некој друг. Ако барем за момент станеме свесни за значењето на сопствената присутност, тогаш нашиот живот ќе може да започне.