Интелигенцијата не е наследна, туку се наследува само потенцијалот со којшто треба да се активира. Кога ќе се земе ова предвид, најважна е раната стимулација во првите години од животот на детето. Се разбира, најголемо влијание врз ова имаат родителите.rnrn
rnrnИако секогаш им го посакуваат само најдоброто на своите мали, понекогаш родителите несвесно прават некои грешки. Погледнете кои се грешките што можат да го забават развојот на интелигенцијата на вашето дете.rn
1. Розова соба
rnВо првите месеци од животот, видот на бебето е замаглен и тоа може да забележува само силни контрасти. Наместо едноличен розов или син ентериер, детската соба би требало да има некаков контраст. Тоа може да се постигне со тепих, завеси или тапети во контрастни бои.rn
2. Забрана за играње на под
rnДодека детето лази, со рацете се потпира на подот, а тој притисок на дланките активира одредени делови од мозокот кои се важни за интелигенцијата во иднина. Некои родители веднаш ги креваат децата од земја бидејќи не сакаат да се извалкаат или да стават нешто во устата. Но фазата на лазење е навистина кратка, и доколку тогаш не се добие стимулацијата на дланките, се пропушта добра прилика за развој на мозокот.rn
3. Забрана за скокање на кревет
rnНевроните кои не работат умираат, а токму невроните ги поттикнуваат децата да скокаат. Со секој скок, тежиште на телото се менува, па детето мора да ги активира сите мускули за да ја задржи рамнотежата. Со ова, се разбира, управува мозокот. Па наместо да му забраните на детето да скока на креветот, погрижете се за безбедноста. Сличен ефект како скокањето има и вртењето околу својата оска. Сосема нормално е доколку детето падне после вртење.rn
4. Возење во количка наместо одење
rnОдењето е важно за развојот на мозокот, но многу родители користат количка дури и до петтата година на детето. Ова може да предизвика „спуштени стапала“ кои денес се појавуваат кај дури 70% од децата. Децата треба да се движат што е можно повеќе, а кога има прилика за тоа, дозволете им да одат боси.rn
5. Предолго блендирање на храната
rnДетето почнува да џвака по 6 месеци, а до 18 месеци би требало да почне да јаде потврда храна. Од голема важност е да му дозволите на детето да џвака и да не претерувате со блендирањето на храната. Џвакањето праќа импулси до мозокот, ги чисти забите, го активира јазикот, а со тоа подобро ќе се развие и говорот.rnrnДури и да сте ги правеле овие грешки или пропусти, не очајувајте. Секогаш постојат разни вежби и игри кои можат да го поттикнат развојот на интелигенцијата кај децата во претшколска и школска возраст.rnrnПогледнете и кои се несвесните однесувања на родителите кои предизвикуваат тешки психички последици кај децата.
