Треба да знаете неколку работи за да можете да откриете дали вашето момче е заљубено во вас или не, и тоа само врз основа на неговото однесување во кревет.rnrnНачинот на кој мажите водат љубов зависи од нивните чувства. Тоа значи дека начинот на кој се однесува во спалната соба и трудот кој го вложува во жешки игри со вас може да откријат колку всушност тој е загреан за вас.rnrnА доколку сѐ уште не сте сигурни до кој степен е затрескан во вас и дали воопшто е, погледнете ги знаците кои јасно укажуваат дека без сомневање тој е заљубен до уши во вас.rnrn
rn
Ве бакнува често и долго
rnБакнежите за мажите се многу интимен чин. Затоа, тоа е еден од првите знаци кој покажува дека тој интензивно размислува за долгорочна врска и дека ве гледа вас покрај себе во својата иднина. Ве бакнува почесто и подолго од порано – сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека сака да биде со вас.rn
Посветен е во сексот
rnМомчето кое само сака да ужива во сексот, а не и во врската, нема премногу да се труди околу предиграта и времето кое обично ѝ е потребно на жената за да се возбуди како што треба. Но, кога му е грижа за личноста со која го дели креветот, ќе се потруди и до најситните детали да бидете задоволни од сексот и да почувствувате колку му е нему тоа важно.rn
Сака да ви задоволи
rnУште еден знак на заљубеност е кога ве прашува што сакате во сексот и ве слуша што му кажувате. Мажите кои се во врска само заради забава немаат потреба да разговараат со партнерката за нејзините тајни желби и фантазии, ниту пак да се милуваат после сексуалниот чин.rn
Секогаш е внимателен и великодушен
rnДоколку е внимателен и великодушен љубовник, не само првите неколку пати, туку поголемиот дел од времето, тоа е затоа што е заинтересиран и сака однос кој е повеќе од сексуален. Токму затоа се обидува да сфати што ви е важно, кои се вашите ерогени зони и како да се чувствувате што подобро кога сте покрај него.rn
Опуштен е и свој
rnКога е опуштен, расположен и не брза никаде по интимните моменти, тоа е солиден знак дека е заљубен или се заљубува. Од истите причини нема да се труди постојано да ве импресионира и да ви покажува колку е совршен во сѐ.rn
Малите работи се важни
rnПо малите детали како што се вечера со свеќи или нов парфем, ќе забележите колку се труди да сфатите дека му се допаѓате и дека му е грижа за вас. Исто така, ќе ви каже дека би сакал да се дружите со пријателите или да одите на кратко патување. Машко кое сака афера и малку добра забава никогаш не би ве вклучил до тој степен во својот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.