Ако речеме дека во просек животниот век на луѓето изнесува 86 години, и да сметаме дека над 18 години сме веќе возрасни личности, тогаш живееме околу 68 години во светот на возрасните (повеќе или помалку). 68 години x 365 денови во годината = 24.820 утра. Да заокружиме на 25.000. Е сега, која е поентата?rnrn25.000 пати ќе ги отворите очите, ќе го пречекате новото утро и ќе се соочите со денот пред вас. Како тие 25.000 утра да не поминат залудно? Одговорот е – со развивање здрава утринска рутина. Па денот по утрото се познава, нели?rnrn
rnrn
Управувајте со вашата енергија, не со вашето време
rnМислите дека со распределбата на времето ќе бидете поефективни? Дали сте помислиле да обрнете повеќе внимание на енергијата? Под претпоставка дека вашата работа бара многу концентрација, вие може цело попладне да ѝ го посветите на работата, но да ви биде залудно или да потрошите многу повеќе време од потребното. Доколку вие сте најконцентрирани наутро, токму тој е периодот кој треба да ѝ го посветите на работата. Организирајте се според тоа за што сте најспособни во одредени периоди.rnrn
Подгответе се претходната ноќ
rnЗа подготвување листа на обврски, потребни ви се нецели 10 минути. Таа листа може да ви заштеди и до 3 часа наредниот ден. На пример, пред да заминете во кревет, направете листа со клиентите со кои треба да се видите наредниот ден. Испланирајте кога ќе бидат средбите, за што ќе разговарате и што ќе им понудите. Со тоа заштедувате многу време кои би го изгубиле без потреба и без никаква ефикасност.rnrn
Не проверувајте мејл до пладне
rnЗвучи толку едноставно, но ретко кој може да го направи тоа. Мејлот може да почека неколку часа, секако доколку е нешто навистина итно нема да ве известат по мејл. Искористете ги првите часови од денот за она што е поважно и држете се настрана од она што би ве деконцентрирало.rnrn
Прилагодете ја температурата во собата
rnДоколку во просторијата каде работите е премногу топло ќе се чувствувате изморено и слабо. Погрижете се просторијата да е доволно ладна за да бидете опуштени и релаксирани, и многу полесно ќе останете сконцентрирани.rnrn
Исправете се
rnСтојте или седете исправено. Не го поминувајте утрото лежејќи. Кога стоите мирно и исправено ќе бидете пофлексибилни и поактивни. На вашето тело му е потребен кислород за правилно да работи. Кога седите стуткани или подгрбавени, дијафрагмата е притисната со белите дробови, што го отежнува дишењето, а со тоа и патот на кислородот до мозокот.rnrn
Развијте сопствен утрински ритуал
rnМожеби го почнувате денот со чаша ладна вода, кафе или прво се опуштате со 10-минутна медитација? Ваквиот ритуал, доколку се применува секое утро, ќе му сигнализира на вашиот мозок дека е време ефективно да се започне денот. Вашиот ритуал ќе ви биде мотивација за извршување на обврските.rnrnКако ќе му пристапите на утрото, така ќе му пристапите и на денот. Постојат безброј примери каде луѓе кои во животот имале здрава утринска рутина доживеале длабока старост. Вежби, трчање, медитација, гледање на изгрејсонцето… Сè се врти околу тоа како го започнувате денот. Тоа влијае на нашето здравје и на резултатите од нашата работа. 25.000 утра. Дали би ги поминале во спиење или пред компјутер? Можеби е крајно време да започнете со здравите навики на почетокот на денот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
