Понекогаш на едниот партнер му е потребна мала пауза, одредено дистанцирање и желба некое време да поминува во друштво на пријателите, членовите на семејството или едноставно за да се занимава со некое хоби. Дали секогаш е изводливо да се биде јасен и директен?rnrn
rnrnПсихолозите велат дека желбата за прекин на врската – привремена или трајна – може да се препознае по промените во стилот на пишување на СМС-пораките.rnrnВо овие пораки обично поретки се прекарите, слатките зборови и бројните симболи со кои порано сте си разменувале виртуелни бакнежи, прегратки и насмеани лица.rnrnТекстот покажува дека е испратен повеќе како обврска, а не од задоволство.rn
Првиот знак е дека пораките стануваат сè пократки
rnСите се различни, но кај повеќето луѓе кога ќе се појави потреба да се оддалечат од партнерот или кога сакаат да ја прекинат врската, тоа се покажува преку избегнување на долгите разговори и долгорочните договори и планови.rn
Пораките покажуваат намалена заинтересираност
rnНа прашањето „како си“, се одговара со „добро“, а нема дополнително прашање од типот: „како помина денес на состанокот“. Секако, треба да се земе предвид дека можеби партнерот е зафатен тој ден, но ако ова се повторува од ден за ден, време е за „сериозен разговор“.rn
Рутинскиот редослед на испраќањето пораки се менува
rnСекогаш кога ќе се случи нешто важно, може да е тоа расправија со родителите или унапредување на работа, обично таа информација сакаме да ја споделиме со најблиските.rnrnАко партнерот сè повеќе и почесто се потпира на пријателите и ако прво со нив ги споделува возбудливите вести тоа може да биде знак дека квалитетот на љубовната врска многу опаднал.rnrnЗатоа, ако ви стигне порака: „моите веќе знаат“, вреди да се запрашате дали приоритетот на известување е променет случајно или пак претставува несвесен знак за нешто посериозно.rnrnТоа не значи дека секоја промена од овој вид истовремено треба да ја доживувате како аларм, но убаво е да се има на ум дека самиот прекин на врската е многу тежок и овие суптилни сигнали можат да го олеснат процесот.rnrnПрочитајте ги и овие едноставни начини за да покажете дека навистина се трудите во вашата врска.