КАФЕ ПАУЗА

На кој начин независната и самоуверена жена се разликува од другите?

На кој начин независната и самоуверена жена се разликува од другите?

Written by

in

,

Секој од нас е различен, а токму поради тоа светот е поубаво место за живеење. Ако не сте задоволни со некој аспект од вашето битие, можете да работите на себе, да се подобрувате и усовршувате. Се разбира, тоа не значи дека треба да се трудите до станете совршени, но преку личниот развој можете да постигнете многу работи што ги сакате.rnrnНа кој начин независната и самоуверена жена се разликува од другите?rnrnНезависните жени зрачат со посебна енергија која привлекува, а во исто време се чувствуваат добро во сопствената кожа. Еве во кои аспекти самоуверената и независна жени се разликува од останатите.rn

1. Таа може да се грижи за себе

rnТаквата жена привлекува внимание. Таа може да преземе одговорност за своите постапки и никогаш не ја префрла одговорноста на други луѓе. Таквата жена е сигурна во себе и полна со самодоверба.rn

2. Се чувствува удобно во своето тело

rnЈа знае својата вредност и иако можеби има комплекси, може гордо да се погледне во огледало. Таквата жена е доволно паметна за да разбере дека единственото нешто што е важно е што таа мисли за својот изглед.rn

3. Има силно чувство за независност

rnНезависната жена не се потпира на никој за да ги задоволи своите лични потреби. Таа не се заљубува од интерес, влегува во врската како рамноправна и останува независна и слободна.rn

4. Таа не е егоцентрична

rnПосветена е на врските, се труди своето его да го држи во здрави граници и не секогаш се става себеси на прво место. Сака љубов, искреност и почит, а во врската возвраќа подеднакво.rn

5. Избегнува драма

rnВаквата жена избегнува драма, таа е веќе доста зрела. Таа не игра детски игри и не е манипулативна и љубоморна во врската.rn

6. Таа ве инспирира да бидете подобри

rnТаа ве поттикнува максимално да го искористите вашиот потенцијал затоа што ве сака и почитува вас и вашите способности.rn

7. Таа се обидува да го реши конфликтот

rnЗрелата и независна жена може да влезе во конфликт, но секогаш се обидува да го реши проблемот на најдобар можен начин.rn

8. Таа има свое мислење, но е отворена и за други мислења

rnНе се плаши да го каже своето мислење и да се залага за своите верувања. Таа е толерантна и кон туѓите мислења. Таа е подготвена да слуша, дури и да го промени своето мислење доколку другите имаат валидни аргументи.rn

9. Таа остава добар впечаток

rnТаа е самоуверена, паметна, отворена, искрена и посветена. Затоа, таа остава добар впечаток кај луѓето, никогаш не се срами да го покаже своето вистинско „јас“ и никогаш не се плаши да каже или направи нешто погрешно.rnrnОткако прочитавте за особеностите на независната и самоуверена жена, можеби ќе сакате да прочитате и најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs