Многу често момците велат дека прекинале со некоја девојка затоа што таа летала многу високо во облаците. Тие секогаш тврдат дека можеби најважно од сѐ им е девојката да биде приземна, без оглед на тоа колку е интелигентна или убава. Но, што подразбираат тие под поимот „приземна“? Како препознаваат дали една девојка стои цврсто на земјата или не? Во продолжение прочитајте што значи да се биде приземна девојка според поголемиот дел од момците…rnrn
rn
Независност
rnПриземните девојки не зависат од никого. Тие не се обидуваат на секој можен начин да привлечат внимание и многу е едноставно да се биде со нив бидејќи немаат многу потреби. Тие не очекуваат од партнерот да ги исполнува нивните желби, туку самите го прават тоа за себе.rn
Несебичност и отвореност кон нови искуства
rnГрижливите и сочувствителни девојки кои секогаш сакаат да им помагаат на другите се многу посакувани од страна на момците. Исто така, приземните девојки знаат на скромен начин да прифатат комплимент и немаат потреба од тоа да им се ласка. Момците не можат да одолеат на девојки кои сакаат да пробуваат нови работи и притоа не се грижат дали изгледаат глупаво или смешно.rn
Приземните девојки не се жалат
rnНекои девојки сметаат дека нормален разговор подразбира жалење за сопствените проблеми и озборување на луѓето кои не им се драги. Но, момците тврдат дека приземните девојки не се жалат 24/7, туку секогаш се позитивни и се обидуваат да го извлечат доброто од секоја негативна ситуација.rn
Приземните девојки не драматизираат
rnСпоред момците, доколку девојката е смирена, не ги преувеличува работите и не создава драма, таа цврсто стои на земјата. Приземните девојки се однесуваат со луѓето со почит и разбирање, не ги озборуваат зад грб и не изигруваат „беспомошна дама во неволја“.rnrn
rn
Рационалност
rnПриземната девојка размислува разумно. Таа никогаш не ги зема здраво за готово бесмислените информации што ќе ѝ ги пренесат пријателите, медиумите или луѓето околу неа, туку размислува со своја глава. Секогаш е практична, добро располага со финансиите и знае кои се нејзините приоритети.rn
Самоувереност
rnДевојките кои цврсто стојат на земјата не се грижат што велат другите за нив. Тие секогаш се свои и се одликуваат со голема креативност и уникатност.rn
Опуштеност
rnПриземните девојки не се вознемируваат поради непотребни работи, туку секогаш се смирени и опуштени. Момците го наведуваат следниот пример: Ако таа нарачала пица со повеќе маслинки, но доставувачот на храна ѝ донел пица без ниту една маслинка, таа нема да полуди туку ќе ја прифати ситуацијата. Многу девојки би се вознемириле и би му се изнавикале на кутрото момче. Но, доколку таа влезе дома, види дека ја погрешиле нарачката и само ги поткрене рамениците, веројатно станува збор за многу приземна девојка која не прави од мравка слон.rn
Скромност
rnПриземните девојки не велат за себе дека се приземни. Тие не сакаат да се фалат за сопствените успеси и најтешко им е кога некој ќе им каже „Опиши се со три зборови“. Не се работи за тоа дека не знаат колку вредат или дека не се свесни за нивните позитивни карактеристики, туку едноставно непријатно им е да зборуваат за тоа. Но, не им пречи доколку другите ги пофалат.rnrnДоколку не се пронајдовте во сите овие дефиниции на приземна девојка, не очајувајте! Дури и да сакате да драматизирате понекогаш, вистинскиот човек за вас ќе ве сака токму такви какви што сте со сите совршености и маани. Тој сигурно ќе успее да ја пронајде вашата приземност во некој друг аспект од вашата личност.