Што се случува кога една девојка дозволува партнерот целосно да го окупира нејзиниот живот? Таа исчезнува од нејзиниот социјален живот, постојано се прашува каде води врската, сопствените обврски ги става на последно место и подготвена е да се откаже од сѐ само за него. Пријателите тоа го знаат, но молчат, а таа одрекува дека ова се случува.rnrn
rnrnТој можеби ви се чини како најдоброто нешто што ви се случило, но постои разлика помеѓу тоа да се биде заљубен и тоа да се има контрола на заљубеноста. Доколку се пронајдовте во гореспоменатата ситуација, вие не ги држите работите под контрола и време е да ја воспоставите вашата власт.rnrnДоколку тој навистина се грижи за вас, ќе ви го докажува тоа на многу поочигледен начин од повремените пораки што ви ги праќа. Нема да ве натера да се запрашате дали тој сака сериозна врска со вас. Вистина е дека кога станува збор за љубовните врски, дел од забавата е неизвесноста и постојаното освојување, но треба да препознаете кога тоа целосно се претворило во игра, а вие не победувате.rnrnСите сме го имале тоа чувство на возбуда кога ни се јавил или ни пишал порака, но и чувството на анксиозност кога не се држел до неговиот збор и ги прекршил ветувањата. И тогаш во главата почнуваат да ви се вртат следниве прашања: „Не ми пиша денес, зошто ми се нема јавено неколку дена? Што ако изгубил интерес?“.rnrnНавистина тешко се спречуваат овие мисли да завладеат со умот и да влијаат на вашите постапки. Но, кога ќе забележите дека тоа ви се случува, треба да застанете пред огледало и да си кажете: „Ја гледаш оваа моќна жена? Тоа е единствената личност за која треба да се грижиш“.rnrnИмајте го ова на ум секогаш кога ќе се почувствувате несигурно, кога ќе ви се јави сомнеж или ќе се загрижите за некој друг. Дури и кога сте сигурни дека партнерот е навистина заинтересиран за вас, важно е да имате сопствен живот. Моќните жени не дозволуваат да го изгубат своето „јас“ или да се променат поради некого. Тие се грижат најпрво за себе, а ако некој сака да им се придружи во животната авантура, тоа е само бонус.rnrnПосле сѐ, кој ќе биде тука за вас откако сте ги запоставиле сите блиски луѓе во вашиот живот поради љубовната врска? Пријателствата и врските со другите луѓе што ве опкружуваат се многу важни за вашата среќа и успех. Никогаш не можете да знаете кога ќе ѝ дојде крајот на љубовната врска и ако дојде до тоа треба да имате некој до вас кој ќе ви помогне да го пребродите тешкиот период по раскинувањето.
Моќните жени никогаш нема да го изгубат своето „јас“ поради маж
