Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

Сподели

Ова е еден корисен совет од познатиот руски психолог Александар Свијаш, кој објаснува како да постапите ако вашиот партнер, пријател, колега, шеф или сосед започне кавга со вас, а вие сакате да ја избегнете. Притоа ова не вклучува физички напад, што секако би требало да се реши на друг начин.

Реклама

Ова е едноставен, испробан метод, кој навистина дава резултати.rn

1. чекор

rnЗапаметете – за кавга се потребни двајца. Кога некој ви се обраќа со кавгаџиски тон, останете смирени и според темата на кавгата накратко проанализирајте што е тоа што на таа личност всушност ѝ е навистина потребно (длабока причина), што ѝ недостасува, што очекува од вас, па заради тоа и започнала кавга.

Тоа што ја мачи може да биде недостаток на самодоверба, доверба, љубов, топлина и внимание, страв од нешто…rn

2. чекор

rnТивко, во мислите дајте ѝ го на таа личност она што ѝ е потребно. За ова ќе ви треба доволно смиреност, силен карактер и толеранција.

Кажете си во себе: „Ти праќам разбирање (доверба, љубов, сигурност, оптимизам, те прифаќам таков/ва каков/ва што си…).“

Не одговарајте на провокациите од таа личност, однесувајте се нормално и повторувајте го повеќепати во мислите она што ѝ го испраќате.

Таа личност потсвесно ќе го прими вашиот подарок, ќе се смири за некое време (додека продолжува да ве провоцира и да вика) и ќе ве остави на мира.

Не очекувајте никаква благодарност, нека ви биде доволно тоа што ќе го добиете она што ви треба – таа личност ги добива добрите вибрации, а вие – вашиот мир.

Напомена: Оваа метода не се однесува и не треба да се применува во случаи на насилство и злоставување во семејството и односите со партнерот во кои е потребно веднаш и физички да се делува, а ако треба и законски со цел да си заминете од насилната личност.rn

Погледнете ја и техниката на Свијаш која ќе ви помогне да се изборите со секој страв кој го имате во себе

Популарно

Може ќе ве интересира