Италијанците имаат што да кажат! Ако ви е потребна мотивација, начин да разберете нечие однесување или едноставно сакате да научите нешто повеќе за животот – прочитајте ги овие неверојатни италијански поговорки што длабоко ќе ве замислат.rnrn
rnrnПодобро матно вино отколку бистра вода.rnrnУтрото е мајка на работата, а ноќта е мајка на мислите.rnrnПарите што се заштедени се двоструко заработени.rnrnТој што се смее без причина, треба уште да се воспитува.rnrnМожеме да го кажеме тоа што не го знаеме, но не можеме да го дадеме тоа што го немаме.rnrnЕден цвет не прави венец.rnrnКога убава жена се смее, паричникот плаче.rnrnДвижи се полека за да не се крене прашина.rnrnНаутро виното е оловно, попладне е сребрено, а навечер е златно.rnrnУбавината има прекрасни листови, но горки плодови.rnrnКој е нестрплив, не е заљубен.rnrnУстата понекогаш се смее без срцето да знае за тоа.rnrnНема свадба без солзи, ниту пак погреб без насмевки.rnrnШто повеќе го жртвуваш своето јас, толку посилна и повистинска е твојата љубов.rnrnНе е убаво тоа што е убаво, убаво е тоа што ни се допаѓа.rnrnДа љубите, а да не бидете љубени е исто што и да одговорите, а никој да не ве вика.rnrnПоследното одело се прави без џебови.rnrnСеќавањето на страдањето ја зголемува среќата.rnrnСтранскиот јазик подобро се учи во кујната одошто во училишните клупи.rnrnКариерата што ни се допаѓа никогаш не е доволно платена.rnrnКој нема деца, не знае што е љубов.rnrnПостојат повеќе луѓе што се поседувани од богатство од оние што поседуваат богатство.rnrnЉубовта е слепа, но се гледа од далеку.rnrnКаде што недостасува сила, надополнуваме со волја.rnrnПодобро е да живееш макар еден ден како лав отколку сто како овца.rnrnЗнаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот: Прочитајте ги и овие персиски поговорки и мудрости.
Подобро е да живееш макар еден ден како лав отколку сто како овца: Најдобрите италијански поговорки
