Автор: Ана ПетровиќrnrnОваа година, пролетната сезона ќе биде во знакот на кожните бајкерски јакни, здолништа и чизми, а за надополнување на изгледот задолжени се цветните дезени и мотиви, точките и розовата боја.rnrnrnrnЦвеќето е симбол на пролетта не само во природата, туку и во модниот свет, па затоа честопати топлите годишни времиња најавуваат шарени мотиви. H&M за пролетта која доаѓа ни припремија разиграна цветна колекција, а лесните џемпери се на врвот оваа сезона.rnrnМоќта е во цвеќињатаrnrnОсвен природата, се будат и боите. Својот едноставен и практичен, но сепак елегантен пролетен стил разбијте го со розови парчиња облека како провидни блузи или кошули.rnrnЖешки во жешко-розоваrnrnНова сезона, но стари правила. Добрата вест е што можете да ја искористите облеката од минатата есен, посебно бунтовничките маички со кул натписи и рокерските јакни.rnrnРокерски бунтовнички стилrnrnРокерско-бајкерскиот стил одлично се вклопува со женствени блузи со точки. Посебна предност им се дава на кожните здолништа.rnrnПоврзете ги точките со секси кожни здолништаrnrnКако алтернатива за почетокот на пролетта, во оние свежи пролетни утра можете да ги искористите тенките, плетени џемпери. Основа за комбинирање нека ви бидат чизмите во бајкерски стил и здолништата од вештачка кожа.rnrnТенки плетени џемпериrnrn