Дојде есента, но тоа не значи дека некои летни трендови станаа минато. На пример, цветниот дизајн. Иако тој асоцира на пролет, лето, на светли и јаки бои и целата таа разиграна и весела атмосфера што воопшто не личи на есен, сепак и тоа како може да се носи и во текот на наредните месеци. Еве како…rnrn
rnrnНајнапред, во согласност со есенските бои, одберете го оној цветен дизајн што е во потемни нијанси за да изгледа повеќе „есенски“. Бордо, темно виолетово, кафеава и други топли, темни нијанси како и проверените црно-бели комбинации, може да бидат вистинскиот избор за секоја прилика и за секоја доба од денот.rnrn
rnrnПотоа, направете го цветниот дизајн соодветен дури и за есен со едноставни есенски аксесоари – шешири, шалови и есенски чизми. Дури и ретро накитот во потемни нијанси, во согласност со она што сте го облекле, може одлично да ја „зачини“ вашата комбинација. На сето ова облечете симпатичен, тренди есенски капут или бунда и тоа е тоа.rnrn
rnrnНе мора од глава до пети да се облечете во цветен дизајн. Доволно е да ги комбинирате вашите омилени едноставни комбинации, така што ќе ги освежите со сако или јакна со цветен дизајн. Тоа е доволно за вашиот стил да изгледа сосема поразлично и многу поефективно!rnrn
rnrnСуштината на секоја есенска комбинација е слоевитото облекување. Тоа е втората важна работа кога е облеката во прашаше, после есенските бои. Па така, без разлика што цветно ќе облечете на крај, само нека биде слоевито. Капут, кардиган, кошула, елек… Имате навистина голем избор.rnrn

Модна препорака: Како да го носите цветниот дизајн оваа есен?
