rn
Орална контрацепција – комбинирани апчиња
rnАпчињата за заштита од несакана бременост ги содржат хормоните естроген и прогестин (синтетички прогестерон). Тие се земаат секој ден за да ги спречат јајниците во „отпуштањето“ на јајце клетка. Овие апчиња исто така предизвикуваат промени во матката кои го спречуваат спојувањето на сперматозоидите со јајце клетката.
Некои жени ги преферираат апчињата за „продолжен циклус“. Тие вклучуваат 12 недели земање хормонални апчиња (активни) и 1 недела апчиња кои не содржат хормони (неактивни). Со овој третман, жените го добиваат својот циклус само 3 или 4 пати годишно.
Постојат различни видови орална контрацепција. Најдобро е да се консултирате со доктор кој ќе ви помогне да ги одберете оние кои се најдобри за вашето тело. Исто така, не заборавајте дека одредени антибиотици може да влијаат на ефективноста на контрацептивните апчиња. Советувајте се со докторот и на оваа тема.rnrn
Фластер
rnОвој метод на заштита вклучува фластер кој се носи во долниот дел од абдоменот, на горниот дел од нозете, на надворешноста на рацете или во горниот дел од телото. Тој испушта прогестин (синтетички прогестерон) и естроген во вашиот крвоток кои го спречуваат отпуштањето на јајце клетката кај голем број жени. Секоја недела, во периодот од 3 недели треба да го менувате фластерот. Последната, односно 4-тата недела ја прескокнувате за да можете го добиете месечниот циклус.rnrn
Инјекции
rnСо овој метод, на секои 3 месеци вие добивате една инјекција со хормонот прогестин. Тој дејствува така што не им дозволува на јајниците да отпуштат јајце клетка во матката. Овој метод на заштита не се препорачува да се употребува повеќе од 2 години по ред бидејќи може да предизвика моментално намалување на густината на коските, што може да доведе до скршеници и остеопороза.rnrn
Вагинален прстен
rnСтанува збор за мал, флексибилен прстен кој испушта прогестин и естроген. Тој функционира на ист начин како и фластерот. По нанесување во внатрешноста на вашата вагина, го носите 3 недели и потоа го вадите за да можете да го добиете својот месечен циклус. Вагиналниот прстен, како и другите методи кои се базираат на естроген и прогестин можат да го зголемат ризикот од опасни згрутчувања на крвта кај жените по породување.rnrn
Импланти
rnИмплантите најчесто се нанесуваат во внатрешноста на вашата вагина така што ја заштитуваат матката. Тие испуштаат прогестин кој предизвикува промени во матката кои не им дозволуваат на сперматозоидите да се спојуваат со јајце клетките. Понекогаш, ги спречуваат и јајниците да отпуштат јајце клетка. Нивната ефикасност достигнува и до 3 години, по кои мора да бидат заменети со нови.rnrn
Стерилизација со имплант или операција
rnСтерилизацијата со имплант се прави така што се вметнува тенка цевка низ вагината и матката до двата јајцеводи. Оваа направа предизвикува формирање на ткиво околу спиралата (потребни се околу 3 месеци) , така што ги блокира јајниците и не дозволува јајце клетките да се спојуваат со сперматозоидите.
Стерилизацијата преку операција е достапна и за жените и за мажите. Кај жените стерилизацијата се прави преку затворање, отстранување или заврзување на јајцеводите. На тој начин се спречуваат јајце клетките да стигнат до матката кај што можат да бидат оплодени. Кај мажите, васектомијата ги спречува сперматозоидите да достигнат до пенисот. По операцијата нивната ејакулација повеќе не содржи сперма.rnrn
Апчето „утрото потоа“
rnОва апче спаѓа претставува метод на итна контрацепција и се користи во ситуација кога жената имала незаштитен сексуален однос. За најдобар ефект, мора да го испиете во период од 72 часа по односот. Тоа функционира така што ги спречува јајниците да отпуштат јајце клетка или пак, доколку е предоцна за тоа ги спречуваат сперматозоидите во спојувањето со јајце клетката.
За несаканите дејства на овие методи за заштита можете да прочитате нешто повеќе тука.
За крај, одберете го методот кој на вас најмногу ви одговара. Оној со кој нема да се чувствувате непријатно и кој нема да ви предизвикува здравствени и психолошки проблеми. Телото на секоја жена реагира уникатно во однос на контрацепцијата и поради тоа не треба да се ограничувате само на оние продукти кои се моментално „најпопуларни“ меѓу жените. И секако, секогаш имајте на ум дека и најефективните методи на заштита можат да не успеат во својата намена. Но, шансите да останете бремени се миниминални доколку правилно, редовно и одговорно го употребувате оној метод за заштита кој сте го избрале.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

