Тајната за совршениот тен се крие во прајмерот, ова ќе ви го каже секој шминкер, а ако се прашувате што е всушност тоа, сега е време да дознаете. Бидејќи и по нанесувањето на пудрата понекогаш се познаваат траги и неправилности на кожата, време е во вашиот несесер да го додадете прајмерот или базата за шминка.rnrn
rn
Што е прајмер?
rnПрајмерот или базата за шминка всушност претставува производ чија основна цел е да ги прикрие видливите маани и недостатоци на вашата кожа. Прајмерот функционира на истиот начин како и кремот што се нанесува под течната пудра: го олеснува нанесувањето на течната пудра и прави бариера помеѓу кожата и пудрата. Прајмерот може да ги покрие проширените пори, ситните брчки, испуканите капилари, црвенилото и други слични неправилности на кожата. Исто така, ако нанесете прајмер пред да нанесете пудра, пудрата ќе трае подолго, ќе му даде поефикасен тонус на вашето лице и кожата нема да „свети“ што е чест случај при нанесувањето на пудра кога не се користи прајмер како подлога.rnrnПрајмерот исто така обезбедува вашата шминка да трае подолго. Постојат прајмери кои се нанесуваат на целото лице, но и такви што се нанесуваат само на определени делови каде што се застапени неправилностите. Може да го користите во пределот на вратот или пак деколтето.rn
Која е функцијата на прајмерот?
rnТој ќе направи вашата шминка да изгледа поубаво бидејќи ги прекрива порите и брчките. Исто така, шминката ќе трае подолго бидејќи прајмерот ја штити шминката од мастите на кожата, па затоа вашиот кармин и сенка ќе траат цел ден. Најлесен и најбрз начин за да го прекриете непосакуваниот сјај на лицето е да натапкате малку прајмер на проблематичните места. Прајмерот може да го користите и за да прекриете некои модринки на телото.rnrn
rn
Како да го користите прајмерот или базата за шминка?
rnНајнапред нанесете хидратантна крема. Одберете некоја лесна крема бидејќи потешките имаат тенденција да го „лизгаат“ прајмерот од вашето лице.rnrnТука исто така важи правилото: помалку е повеќе. За целото лице е потребно многу малку, па затоа земете малку прајмер на врвот од прстите и рамномерно нанесете го на целото лице. Почекајте 30 секунди за да се исуши па потоа нанесете ја пудрата и коректорот. Базата за шминка не мора да ја користите секојдневно, туку само кога ќе сакате да изгледате совршено. Користете ја секојдневно ако имате изразено нерамномерни подрачја на лицето.rn
Кој не треба да користи прајмер?
rnНајнапред ако имате сува кожа не треба да користите прајмер, бидејќи на овој тип кожа шминката секако трае подолго. Овој тип кожа има и малку видливи пори. Исто така, не ви е потребен прајмер ако имате помалку од 25 години бидејќи вашата кожа сè уште е мазна, но и порите не се толку изразени.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.