КАФЕ ПАУЗА

Медитацијата како алатка за поголем успех

Медитацијата како алатка за поголем успех

Written by

in

,

Дали знаевте дека медитацијата во денешно време може да биде една од најмоќните алатки за успех? Редовното практикување медитација може да ви помогне да останете смирени. На кој начин медитацијата може да ви помогне при постигнувањето на вашите цели? Прочитајте во продолжение.rnrnМедитацијата како алатка за поголем успехrnrnМедитацијата е една од клучните алатки за искажување на вашите желби и постигнување успех. Преку медитацијата можете да ги смирите сите непотребни гласови и да се фокусирате на оние мисли кои ќе ве доведат до успех.rn

Медитација за водство

rnЗатворете ги очите. Длабоко вдишете и издишете. Со секое издишување обидете се да ги исфрлите негативните мисли и да се ослободите од напнатоста. Медитацијата ви помага да ја осознаете вашата интуиција. Потоа, опуштете се и фокусирајте се на внатрешниот оган. Препуштете му се на светот околу вас, но притоа не дозволувајте ништо да го згасне огнот. Напротив, замислете дека тој станува поголем и поголем. Продолжете околу четири минути да набљудувате како пламенот на огнот се зголемува.rn

Медитација за успех

rnКако што полека се навикнувате на медитацијата, така таа навлегува во вашиот секојдневен живот. Кога брзаме, престануваме да дишеме – но, ако само дишеме имаме можност да го живееме максимално животот и имаме време за да се грижиме за нашите работи, да работиме на нашите желби и амбиции. Тоа ни овозможува да се поврземе со нашето автентично „јас“ и нашата интуиција.rnrnОткако прочитавте како медитацијата може да ви помогне да успеете во животот, можеби ќе сакате да прочитате и како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе.rnrnИзвор: themindsjournal.com