КАФЕ ПАУЗА

Медена маска против акни и сува кожа

Медена маска против акни

Медот е состојка во голем број козметички производи, бидејќи е ефикасен во борбата против брчките, акните и проблемите со сувата кожа. Овој сладок производ се користи во служба на убавината уште од многу дамнешни времиња, а во продолжение ние ви откриваме два домашни рецепти кои ќе ви помогнат да ја победите сувата кожа и да го спречите појавувањето на акни.rnrnМедена маска против акниrnrnДоколку имате сува кожа која често ви се перути, пробајте ја оваа маска направена од мед и јајца. Изматете едно јајце и додајте една голема лажица мед и убаво измешајте ги. Нанесете ја маската на вашето лице и оставете ја да делува 15-20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода. Постапката повторувајте ја неколку пати неделно.rnrnЗа да го спречите настанувањето на акни, директно нанесете една лажица мед на чиста кожа. Оставете го да отстои околу 15 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода. За да се решите од акните, пред легнување можете да нанесете мед директно врз појавеното мозолче, а потоа прекријте ја со мало парче газа. Медот ќе го стерилизира местото околу мозолчето и ќе го спречи ширењето на бактериите.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.