КАФЕ ПАУЗА

Мажи со брада: ЗА и ПРОТИВ

Мажи со брада: За и Против

Еве нов збор кој ги заменува досега актуелните метросексуалци, дами и господа, ви ги претставуваме ламберсексуалците, популарно наречени „урбани дрвосечачи“ (анг. lumberjack или дрвосечач). Урбано, би ги дефинирале како метросексуалци кои сакаат да имаат одредена црта која ќе ги карактеризира како помажествени, па затоа растат совршено средена и потстрижана брада, обично во комбинација со залижана коса наназад.rnrnМажи со брада: За и ПротивrnrnДа, моментално се во тренд во случај да не сте забележале. Така, кај нас девојките се наметнува прашањето: Би излегувала ли јас со момче со подолга брада? Девојки, доколку сте пред таква дилема, а вие момци доколку се двоумите дали да растете брада, еве кои би биле дел од многуте „за“ и „против“ долга брада.rn

ЗА: Тие се мажествени

rnЕдноставно брадата ги прави да изгледаат помажествени. Само за пример, споредете слика од некој маж на која има брада со слика на која нема. Жените ги привлекуваат мажествени и мачо типови, а брадата го има тој ефект.rn

ПРОТИВ: Изгледаат многу ѕверски

rnВо негативна смисла. Не, не мислиме на бајката „Убавицата и ѕверот“, туку на пештерски нецивилизирани луѓе кои можат да наштетат некому без око да им трепне. Да, признаваме, иако е секси, брадата е по малку и страшна.rn

ЗА: Ги плашат лошите момци

rnКога веќе рековме дека овие момци изгледаат по малку ѕверски, сепак, добрата страна е дека со тоа ги плашат оние лоши момци кои би можеле да ни наштетат. Да, брадата го има тој ефект кај другите. Момците со брада кои под рака држат девојка обично оставаат впечаток: „Допри ја и ќе те згазам!“rnrnМажи со брада: За и Противrn

ПРОТИВ: Ги плашат малите деца

rnЗа жал. Ние девојките сакаме кога момците си играат со мали деца. Тоа во нас го буди мајчинскиот инстинкт и веднаш ги гледаме како потенцијални татковци во иднина. Но, големата брада најчесто ги расплакува малите деца.rn

ЗА: Навистина е тренди

rnБрадата моментално е „ин“. Дечко со брада остава впечаток на современ, урбан младич кој е во тек со модата и се грижи за својот изглед.rn

ПРОТИВ: Брадата не е пријатна за неговата партнерка

rnТоа иритирачко чувство кога ве боцка неговата брада од три дена… помножете го со 10 доколку дечкото има подолга брада.rn

ЗА: Зрелост и самодоверба

rnНема сомневање, долгата брада е знак на зрелост. Со брада момците изгледаат во просек неколку години постари, а тоа за маж е комплимент бидејќи девојките сакаат зрели момци. Исто, дечко кој има долга брада покажува дека има самодоверба бидејќи не се срами ни плаши да биде уникатен и необичен.rn

ПРОТИВ: Ароганција

rnНо, исто така остава впечаток на арогантен тип кој не го интересира ништо освен она што директно го засега него. Покрај ваков дечко кој „вришти“ за внимание, неговата девојка ќе мора да се потруди некогаш и таа да е во центарот на вниманието и да се „носи“ со неговата уникатност и неговиот урбан, „искулиран“ стил, што може да биде и напорно.rnrnП.С. Да не заборавиме, жените секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, па зошто би им го одзеле тоа?rnrnМажи со брада: За и Противrn

ЗА: Остава впечаток на уметничка душа и интелектуалец

rnА ние жените (макар повеќето) го сакаме тоа. Уметничките души секогаш се карактеризираат со доза таинственост и мистичност, не може да им влезете во главите каде има еден сосем друг свет. И навистина не знаеме зошто (можеби поради тоа што изгледаат позрело), но момците со брада оставаат впечаток на интелектуалци.rn

ПРОТИВ: Може да има проблеми со наоѓање работа

rnОд друга страна пак, не секој брадата ја гледа како знак на висок интелект, напротив. За многу работни позиции не се погодни мажите со брада, особено оние кои бараат постојан контакт со луѓе. Секако, да не го заборавиме и фактот што брадата веднаш ве асоцира на човек кој е тешко навлезен во некои секти или радикални теории, а работодавците би сакале да го избегнат тоа.rnrnП.С. Не само работодавците, нажалост и вашето семејство.rnrnМажи со брада: За и Противrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.