Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидливи ситуации одредува дали ќе бидете херој или жртва во вашиот живот. Доколку вака се поставите во сите животни превирања, неговиот квалитет драстично ќе се подобри, а за да ги почувствувате промените потребно е време. Нека наредната година биде година на промените.rnrn
rn
Прва мантра: Јас сум херој во сопствениот живот!
rnСекој ден со себе носи непредвидливи нешта. Може да ви се случат разочарувања, лоши вести или што било друго. Но, од вас зависи како ќе одговорите на сето тоа.rnrnАко при соочување со секој проблем одговарате со реченицата: „Јас сум херој во сопствениот живот“ на вашата потсвест ѝ испраќате порака дека сте ментално силни.rnrnОдлуката да бидете херој во сопствениот живот значи самите да си го поставите вистинското прашање кога ќе наидете на проблеми. Запрашајте се што може да направите во однос на проблемот, наместо да се сожалувате себеси или да ја согледувате вината во некој друг.rnrnОваа мантра треба да ве потсетува дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот или пропаста ги избираме сами. Може да постигнете сè што ќе посакате, но пред сè треба позитивно да размислувате.rn
Втора мантра: Јас можам сè што ќе посакам!
rnНаправете сè за да испробате нови нешта. Често се плашиме да излеземе од зоната на комфорот поради нашиот страв кој е неоснован, затоа секогаш обидувајте се да правите нешта што порано не сте ги правеле.rnrnДоколку не се обидете нема ни да знаете што и колку можете. Не може да бидете писател ако ништо не пишувате, продавач ако ништо не продавате или танчар кој не танцува. Нема да успеете ако не се обидувате.rnrnВашата потсвест може многу да ви помогне. Ако ја храните со позитивни мисли, тоа ќе се одрази и на вашиот живот. Родени сме без ограничувања и со можност да оствариме сè што ќе си зацртаме, а пречките ги создаваме самите со нашите негативни мисли.rnrnНека следната година ви биде во знакот на позитивните нешта. Почнете со воведување на овие мантри во својот живот и неговиот подобар квалитет нема да изостане. Ако ги усвоите овие правила уште денес, наредната година сигурно ќе биде ваша.rnrnДоколку сакате, може да прочитате и за петте собни растенија што привлекуваат пари, среќа и љубов.