КАФЕ ПАУЗА

Магичната кампања на „RED Valentino“ за пролет/лето 2012

Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012

Автор: Симона РистоскаrnrnНовата кампања на „RED Valentino“ за претстојната сезона е вистинска бајка која ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ја поттикне имагинацијата. Задржувајќи ја софистицираноста на Валентино, но сепак со чувство на современост и доза екстравагантност, таа ве воведува во една магична земја каде моделите се трансформирани во принцези, а модните писти во таинствени шуми. Кампањата е снимана во „Parco dei Mostri“ (Паркот на чудовиштата), кој е лоциран во Бомарцо, Италија.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Првичната идеја на креативните директори Марија Грациа и Пјер Паоло Пиколи била да ја доловат маѓепсаната шума, во која хероините постојано ги откриваат имагинарните и волшебни светови на романтични принцези и лоши кралици. Она што е сигурно е дека нивната идеја одлично изгледа спроведена на дело.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Она што новата колекција го нуди е истакнување на романтиката и женственоста. Слатки и симпатични фустанчиња, полни здолништа, деликатни машнички и куси палта, сè тоа во неутрални и пастелни бои. Колекцијата опфаќа од заводливи фустани до секојдневни шик парчиња, а дизајнерите тврдат дека во нив ќе се чувствувате како вистинска принцеза на модата!rnrnПодолу можете да погледнете избор од парчињата облека кои со сигурност ќе бидат и повеќе од актуелни во светот на модата оваа пролет и лето. Се надеваме дека оваа неодолива колекција ќе ве инспирира и ќе ве натера да го разиграте вашиот стил во топлите денови кои полека, но сигурно доаѓаат.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012
rnrn


rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rn