КАФЕ ПАУЗА

Луди митови за убавината и здравјето кои се всушност вистинити

Луди митови за убавината и здравјето кои се вистинити

Постојат митови кои навистина звучат смешно и воопшто не се вистинити, како на пример, митот дека пастата за заби може да ви помогне со акните. Верувајте, таа само ќе ја влоши состојбата. Но, од друга страна постојат и неколку луди „урбани легенди“ кои се целосно вистинити…rnrnЛуди митови за убавината и здравјето кои се вистинитиrn

Премногу стегнатa пунџа или коњско опавче може да доведе до опаѓање на косата и појава на ќелавост

rnКој било вид фризура која предизвикува тензија на вашата глава може да доведе до оштетување на косата и нејзино опаѓање. Бидејќи од оштетените корени не може повторно да порасне ново влакно, вашата коса нема да може да се обнови. Токму затоа обидете се да бирате фризури кои не ја затегаат многу цврсто косата.rn

Триењето на очите може да создаде брчки

rnИ покрај тоа што оваа активност не може директно да создаде брчки, самото кружно движење со кое ја оптегнувате кожата околу очите може да доведе до настанување на брчки и изглед кој укажува на предвремено стареење. Ништо нема да се случи доколку одвреме-навреме ги протриете вашите очи, но обидете се да не го правите тоа постојано.rn

Миењето на косата со пиво може да ја направи погуста и поцврста

rnСостојките од кои е составено пивото се богати со витамини и протеини кои ѝ помагаат на вашата коса да изгледа погуста, поцврста и посјајна, додека пак алкохолот служи за нејзино длабинско прочистување. И покрај тоа што ова не е трајно решение, доколку понекогаш го практикувате, вашата коса ќе добие буен изглед во наредните неколку дена по нанесувањето на пивото.rn

Одредена храна може да доведе до појава на акни или до влошување на нивната состојба

rnВистината е дека сѐ уште не постои детална листа на исхрана која може да помогне во борбата против акните, бидејќи секое тело реагира различно на различна храна. И покрај тоа што за најчестите причинители се смета исхраната која изобилува со маснотии, како и чоколадото, кај вас може да станува збор за нешто сосема друго. Токму затоа обидете се да ја следите вашата исхрана така што ќе запишувате секојдневно што внесувате во вашето тело и ќе го споредувате тоа со периодите кога имате поголема појава на акни.rn

Најдоброто место за вашиот парфем е фрижидерот

rnПарфемите можат да траат со години доколку ги чувате правилно. Бидејќи маслата и хемикалиите кои се наоѓаат во парфемите се многу нежни, лесно можат да бидат оштетени од високи температури. Токму затоа направете место за нив во вашиот фрижидер за да им го продолжите животот. Студените и темни места кои имаат постојана температура се идеални затоа што ништо не ги уништува честичките на парфемите побрзо од директната изложеност на сончева светлина.rn

Балсамот за усни може да направи зависност

rnЗависноста од балсам за усни не е вистинска медицинска состојба, но сепак постои. Ова се случува кога вашата кожа станува „зависна“ од одредени состојки како ментолот кои всушност повеќе ја иритираат отколку што ја смируваат. И покрај тоа што овие состојки функционираат добро со останата формула на балсамот и веднаш по нанесувањето чувствувате хидратација на вашите усни, по подолготрајна употреба можат да доведат до сувост која ќе бара зголемена употреба на балсамот.rn

Со помош на лакот за коса можете да ја зацврстите и вашата шминка

rnИ покрај тоа што лакот за коса навистина помага при зацврстување на вашата шминка, подобро е доколку не го практикувате тоа. Тој е преполн со хемикалии и други нешта кои можат да му наштетат на вашето лице.rn

Регенераторот за коса може да служи и како шампон

rnРегенераторот, исто како и шампонот, содржи компоненти кои прават пена. Разликата е во тоа што не содржи ни приближно толку компоненти како шампонот, па затоа неговите способности за чистење се многу мали. Доколку имате екстремно сува или оштетена коса, употребата само на регенератор може да ви помогне во омекнувањето на косата, но доколку имате мрсна коса, тогаш оваа практика може само да го зголеми вашиот проблем.