Лоши навики кои ви ги влошуваат симптомите на анксиозност

Сподели

rn

Реклама

7. Јадете премногу брза храна

rnПреработената храна најмногу се состои од едноставни јаглехидрати кои не му даваат доволно енергија на вашето тело. Јадењето брза храна пак, секогаш ќе ве тера да јадете уште. Иако неколку колачиња ви звучат како добра идеја, подоцна ќе зажалите за тоа. Кога чувствувате симптоми на анксиозност најдобро е да јадете храна богата со протеини и комплексни јаглехидрати како овес, јајца, зелен зеленчук и компири. Храната можеби нема да ве излечи, но ќе ви помогне да се чувствувате посмирено.rn

8. Пиете алкохол

rnКога ќе помине дејството од алкохолот, големи се шансите да се чувствувате уште полошо. Алкохолот го зголемува нивото на серотонин, а ова ве прави среќни. Кога ќе помине неговото дејство, серотонинот нагло се намалува а тоа има големо влијание на вашето расположение. Иако нема ништо лошо во неколку пијачки со пријателите, сепак избегнувајте да пиете за да се опуштите.rn

9. Пушите цигари

rnЦигарата можеби ќе ве смири, но тоа е само привремено. Ако сте редовен пушач, вие сте зависни од никотин, и кога нема да запалите цигара имате симптоми кои се многу слични како оние кај анксиозноста.rn

10. Премногу седите

rnЗнаеме дека седењето е лошо за физичкото здравје, но тоа има негативни последици и на менталното здравје. Обидете се на секои 30 минути да „одморите“ од седење и бидете физички поактивни.rn

11. Не пиете доволно вода

rnНедостатокот од течности нема да предизвика анксиозност, но може да ги влоши нејзините симптоми. Лесно е да дехидрирате, а да не бидете свесни за тоа. Па, пијте вода секогаш кога можете.rn

12. Не вежбате

rnРедовната физичка активност го намалува стресот и ги подобрува вниманието и концентрацијата. Вежбањето произведува хормони кои го подобруваат расположението, па наместо да ја избегнувате физичката активност, кога сте анксиозни, одете на прошетка, вежбајте јога или најдете некоја активност која бара движење.rn

13. Одложувате

rnОдложувањето се случува од многу причини – од недостаток на интерес, до стравот дека нема да успеете. Сигурно ви е познато чувството кога правите едно нешто додека треба да правите друго. Па, станувате премногу анксиозни за да работите, а одложувањето само ви ги влошува симптомите. Најдобриот начин да се справите со ова е да ги поделите задачите на мали делови. Всушност, многу е лесно да завршите нешто штом веќе сте го почнале.

Погледнете ги и овие едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите на анксиозноста.

Популарно

Може ќе ве интересира