КАФЕ ПАУЗА

Дадилка објаснува зошто никогаш не прифаќа заспани деца

Дадилка објаснува зошто никогаш не прифаќа заспани деца

Според една неодамнешна анкета, 74% од родителите во САД најмуваат дадилка барем еднаш месечно. Мнозинството од нив внимателно ја одбираат дадилката бидејќи не можат да му дозволат на секого да се грижи за нивното дете. Но понекогаш не се родителите оние коишто се загрижени, туку дадилките.rnrnДадилка објаснува зошто никогаш не прифаќа заспани децаrnrnЕдна корисничка на Твитер, позната како Twatermellon, споделила приказна за поранешна вработена во градинка која имала строго правило коешто би требало да го следат сите дадилки – никогаш да не прифаќаат да се грижат за заспани деца. Ја споделила и причината за тоа.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnРаботев во градинка и ми кажаа никогаш да не прифаќам бебиња што спијат во седиште за автомобил, или што спијат воопшто. Па, ако мајката и таткото донесеа заспано дете, веднаш го будев и го вадев од седиштето за автомобилот. Ова не им се допаѓаше на многу родители, но такви се правилата.rnrnМислев дека причината е за да му помогнеме на детето да го следи распоредот, но еднаш една баба донесе заспано бебе кое воопшто не се будеше. Само ќе ја подигнеше главата, ќе зацимолеше и ќе се вратеше на спиење. Шефот веднаш повика брза помош, а бабата велеше дека бебето имало напорна ноќ и било уморно.rnrnГо знаев ова бебе. Немаше да спие ако мислеше дека испушта нешто, а во позадина имаше пуштено музика и децата гласно пееја и играа. Во целиот хаос, бабата кажа нешто и во еден момент некој ги викна родителите.rnrnИзлезе дека бабата имала навика да им дава нешто на децата за да ги заспие кога се грижела за нив, но овој пат му дала нешто на 6-месечно бебе и затоа не се будеше. Мислам дека му го чистеа желудникот на бебето и дека мораше да остане во болница. Беа преземени потребните мерки и семејството се пресели.rnrnДа разјаснам, излезе дека правилото постоеше бидејќи шефот знаеше дека има луѓе што го прават ова. Ќе му ја скршат раката на детето, ќе му дадат нешто за спиење и ќе го однесат кај дадилката која ќе го остави да спие цела вечер. Бидејќи бебето било цело време со дадилката, лесно е да ја обвинат неа за неговата повреда. Или уште полошо, бебето може и да умрело, и го прават ова за да ја обвинат дадилката.rnrnПа да, до ден денес кога чувам деца, не ги прифаќам заспаните. Одбивам да се грижам и за децата во нивниот дом ако се заспани поради истата причина. Затоа и скоро целосно престанав да се грижам за деца, без разлика на тоа колку и да ги сакам. Навистина е тешко да гледам како родителите намерно донесуваат лоши одлуки.rnrn[/message_box]rnrnЗнаевте ли дека бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци?