КАФЕ ПАУЗА

Летни пијалаци за рамен стомак

Летни пијалаци за рамен стомак

Летните неиздржливи горештини се период кога особено мораме да внимаваме дали пиеме доволно течности. Сепак покрај тоа што тие треба да не освежат, треба да се внимава да немаат голем број на калории. Токму затоа слатките лимонади, тетрапак соковите и овошните коктели не се правиот избор. Ова се пет прелога за пијалаци кои ќе можете да ги пиете без грижа, бидејќи не предизвикуваат надуеност и помагаат да ги загубите килограмите.rn

Домашна вода со вкус

rnОбичната вода помага да слабеете бидејќи го прочистува организмот, спречува задржување на течностите кое предизвикува надуеност и го задржува чувството на ситост. Доколку не ви одговара вкусот на обичната вода, во неа исечкајте неколку резанки свежа краставица, лимон, портокал или зелен лимон.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

Фрапе од лубеница или ананас

rnЛубеницата е нискокалорично овошје кое е одлична состојка за здрав шејк. Содржи голема количина вода, ликопен (природен заштитник од рак) и аминокиселина Аргинин која ја смалува телесната маст и ја зголемува мускулната маса. Ананасот содржи ензим кој го подобрува варењето на храната, топењето на мастите и ја спречува надуеноста.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

Леден чај од нане и зелен чај

rnВо жешките денови, ледениот чај е идеален пијалак. Нането помага во согорувањето на мастите и ја спречува надуеноста на стомакот. Зелениот чај помага во согорувањето на масните наслаги, посебно кога се пие пред вежбање, а богат е со антиоксиданси кои помагаат за смалување на салото од стомакот.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

Фрапе од црно чоколадо

rnЦрното чоколадо помага во слабеењето бидејќи го намалува апетитот и го задржува чувството на ситост. Со оглед на тоа што овој пијалак содржи доволно калории, идеален е за појадок.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.