Некогашниот модел, Каролин Де Мегре, денес е амбасадорка на модната куќа Шанел и активно работи за непрофитната организација „Care“ која го поддржува напредокот на жените ширум светот. Таа исто така се смета и за една од најстилизираните Парижанки, со сјајно чувство за стил. Токму поради тоа, Каролин реши да открие како се развивал нејзиниот стил во текот на годините, што е карактеристично кај парискиот шик, но и како го формирала својот моден идентитет… Во продолжение следуваат 7-те модни правила до кои таа се придржува.rnrn
rn
Габриел Шанел е вистински пример за жена каква што сакам да бидам – елегантна, полна со знаење и живот.
rnrn
Осмислувањето на секоја модна комбинација ја започнувам со гламурозно, уникатно парче облека, кое понатаму го комбинирам со повеќе едноставни парчиња облека. Балансот е од суштинско значење.
rnrn
Еден збор кој може да го опише мојот стил? Без напор.
rnrn
Многупати го менував својот стил, бидејќи секоја музичка фаза имаше менливо влијание на мојот изглед. Кога ја слушав Нирвана, носев широки фармерки, искинат тексас и карирани кошули. Потоа имав готик фаза, која ја карактеризираа долг црна коса и подолг вел…
rnrn
На што се темели парискиот стил? Во тоа да го изберете она што најмногу ќе ѝ одговара на вашата личност.
rnrn
Стилот доаѓа од нашата секојдневна „храна“. Книгите кои ги читаме и музиката која ја слушаме во голема мера го формираат нашиот моден идентитет.
rnrn
Мојот моден совет? Кога ќе се погледнам во огледало додека се облекувам, го „отсекувам“ своето лице за да ја отстранам која било емотивна реакција на мојата модна комбинација.