Кога последен пат сте виделе баба и дедо како се држат за рака гледајќи се во очи со истиот жар како и првиот ден? Ги гледате и помислувате колку е убаво и каква љубов тие имаат еден за друг. Дали тоа ви изгледа навидум невозможно да ви се случи и вам? Но не е. Љубовта не е математичка задача која треба да ја решите, напротив. Тоа е едно безбедно гнездо каде растете заедно, се надополнувате, уживате во секој поминат момент и сè повеќе се заљубувате во другата личност.rnrn
rnrnЕве што нè научиле постарите и поискусните кога станува збор за љубовните врски.rnrn
„Повеќето луѓе ќе учеа од нивните грешки ако не беа толку зафатени негирајќи ги.“ – Харолд Смит
rnДа бидеме искрени, сите ние правиме грешки, нема некој кој е безгрешен. Но постојат два типа на луѓе: оние кои ги признаваат грешките и оние кои упорно ги негираат. Некогаш во врските корисно е да ја погазите својата гордост кога и самите сте свесни дека сте ја повредиле другата страна со некој збор или постапка. Сè додека постои таа гордост и тврдоглавост не докажувате дека сте секогаш во право туку полека но сигурно ја уништувате врската. Некогаш едноставно најдобрата опција е да речете „Извини.“rn
Стареењето е неизбежно, созревањето е прашање на избор
rnНикој не ве прашува дали сакате да остарете или не, но дали ќе останете млади во срцето е единствено ваш избор. Никогаш не дозволувајте вашата врска да стане здодевна. Без разлика на вашата возраст, бидете спонтани, изненадете го вашиот партнер, направете нешто неочекувано, просто забавувајте се. На крајот на краиштата, годините се само броеви.rn
Запрашајте се која е најважната личност во вашиот живот
rnОва прашање сите треба да си го поставиме одвреме-навреме. Која е личноста што се согласила да биде со нас без оглед на сè? Која би направила сè за нас, која е покрај нас, нè сака и поддржува? Дали е тоа вашиот партнер или сопруг/а?rnrnТогаш таа личност третирајте ја како што заслужува. Сите ние умееме да заборавиме да цениме и вреднуваме нечие присуство, но не смееме да заборавиме дека никој од нас не е незаменлив.rnrn
rnrn
Тревата не е позелена кај комшијата туку онаму каде што најмногу ја полевате со вода
rnВо нашите очи туѓите животи може да изгледаат просто совршено, но дали навистина знаете што се случува зад затворени врати?rnrnБез разлика како и да ви изгледа нечија врска, секогаш обрнувајте најмногу внимание на вашата. Со други зборови не гледајте во дворот на комшијата, туку гледајте вашиот двор да биде среден и да ви биде по мерка.rnrn
Никој не умрел каејќи се што не поминал повеќе време во канцеларија
rnДа, работата е важна. Ни помага да се снабдиме со средства за да уживаме во работите кои навистина ни значат, како на пример минување безгрижно време со блиските. Но материјалните средства не се сè што ни треба во животот. Иако некогаш грижите околу работата и кариерата умеат целосно да нè обземат, секогаш одвојте време за семејството и блиските. На смртна постела никој не ги памети часовите минати во канцеларија, туку оние минати во љубов и грижа со најблиските.rnrn
rnrn
Две работи никогаш не би можеле да ги смените: минатото и другите луѓе
rnЗатоа фокусирајте се на себеси и на нештата кои ги правите денес а ќе влијаат на вашата иднина. Не влегувајте во врска со надеж дека би можеле да ја промените личноста. Да, може да влијаете за подобрување, но не трошете си ја надежта залудно. Верувањето дека може да го промените вашето минато или нечиј карактер е вистински рецепт за самоуништување.rn
„Главната лекција која треба да ја научите од среќните парови е дека лошите времиња минуваат, а добрите се враќаат.“ – Кетрин Џонсон
rnСекоја љубовна врска има свои подеми и падови, впрочем тоа е животот. Но врската бара внимание и труд, не само за родендени и годишнини туку преку целата година. Најважно е да запаметите дека вистинската љубов може да преброди сè, секакви кризи и проблеми и повторно да се врати на безбедно тло. Па нели најсилни сме кога сме заедно?rn
„Успешниот брак подразбира заљубување повеќе пати, но секогаш во истата личност.“ – Мињон Меклафлин
rnДолгата врска или брак не значи дека треба да ѝ направите место на здодевноста, напротив. Го гледате вашиот партнер колку прекрасни работи прави за вас, навидум и најобични и безначајни и ве тера пак и пак да се вљубите во него/неа. Замислете колку прекрасно е тоа чувство. Се вљубуваш во личноста која веќе ја имаш покрај себе и безбедно уживаш во секој момент минат со неа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.