КАФЕ ПАУЗА

Креативен начин за организирање на вашиот накит

Креативен начин за организирање на вашиот накит

Ние девојките навистина обожаваме накит! И да бидеме реални, никогаш не ни е доста зашто секогаш ќе има некоја нова маичка на која не одговараат ниту еден пар обетки од оние што ги имаме дома, онака совршено како што одговараат оние што ги здогледавме во продавница. Па обетките треба да се искомбинираат со ѓердан или можеби штосен прстен и така едноставно настанува преполна кутија со накит во која не можеме да пронајдеме ама баш ништо. Сепак, постои навистина лесен начин за организирање на бројните парчиња накит којшто истовремено ќе ви ја разубави собата. Погледнете ги инструкциите подолу за да ја изработите вашата нова рамка за накит.rnrnКреативен начин за организирање на вашиот накитrn

Потребно:

rn

    rn011

  • Стара рамка
  • rn011

  • Подлога (може да оди заедно со рамката, ако не искористете парче иверица)
  • rn011

  • Малечки куки
  • rn011

  • Метална жица
  • rn011

  • Лепак
  • rn011

  • Боја
  • rn011

  • Клинци
  • rn

rnКреативен начин за организирање на вашиот накитrnrnШто се однесува до големината на рамката и должината на подлогата, најдобро е да се ориентирате според накитот што планирате да го чувате на вашата нова рамка за накит. Сигурно ќе ви треба подолго парче иверица доколку на неа закачувате долги ѓердани или обетки.rnrnКреативен начин за организирање на вашиот накитКреативен начин за организирање на вашиот накитrnrnЗа ѓерданите и за обетките можете да употребите различни куки, отворени и пошироки за ѓерданите, а затворени и потесни за обетките, слично како на сликата погоре. Обојте ги елементите како што сакате и останува уште да ја прицврстите подлогата за рамката со неколку клинци.rnrnКреативен начин за организирање на вашиот накитrnrnДоколку ви остане простор, можете да го искористите за да залепите малечка кутија на самата рамка во која ќе ги чувате прстените. Едноставно и практично!