Комбинација за мерак: ладно пивце и вкусни крцкави јаткасти плодови
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 60 г светло кафеав шеќер
- 1 лажица бел шеќер
- 1 лажица сол
- 1 лажичка ким
- 1 лажичка црвен пипер
- 1½ лажичка бибер
- 1 лажица рендана кора од портокал или лимон
- 1 лажица сок од портокал или лимон
- 1 белка од јајце
- 300 грама непечени јаткасти плодови по избор
- 1 лажица убаво исечкани ливчиња од рузмарин
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnРерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови.rnrnВо помал сад, помешајте ги шеќерот, солта, зачините и кората од портокал.rnrnВо поголем сад, изматете ја белката со жица додека не стане пенеста, околу една минута. Потоа додадете ги сувите состојки и сокот од портокал и измешајте ги заедно.rnrnПотоа додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте ги во смесата. Земете една тава и покријте ја со хартија за печење. Одозгора сипете ги јаткастите плодови. Печете 15 минути, а потоа со лажица измешајте ги и одлепете ги оние јаткасти плодови што се залепиле. Намалете ја температурата на 120 степени Целзиусови и печете уште 10-15 минути додека јаткастите плодови не добијат златна боја.rnrnПотоа извадете го тавчето од рерна извадете ги и одвојте ги оние што се споиле меѓу себе и ставате ги во чинија за послужување. Декорирајте со ливчињата рузмарин, а послужете ги со ладно пиво во замрзната кригла.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
