КАФЕ ПАУЗА

Користењето на овие природни масла може значително да ги намали знаците на стареење

Користењето на овие природни масла може значително да ги намали знаците на стареење

Младешкиот изглед стана императив на денешницата и речиси сите жени се стремат да изгледаат помладо. Според неодамнешното истражување, употребата на кремови, како и посетите на козметичари и естетски хирурзи се зголемени за цели 40 проценти. Жените вложуваат сè повеќе во изгледот, а многумина не се ни свесни дека клучот за убав и негуван изглед се крие во природата. За намалување на брчките и за ублажување на знаците на стареење можете да ги користите маслата од природата. Тие имаат корисен ефект врз кожата, ја хидрираат, го враќаат нејзиниот сјај и на тој начин прават да изгледа младолико. Еве за кои масла станува збор:rnrnКористењето на овие природни масла може значително да ги намали знаците на стареењеrn

1. Масло од семе од грозје

rnАко барате масло што лесно се апсорбира во кожата, не остава сјајно лице и чувство на лепливост, обрнете внимание на ова масло. Одлично е за нормална и комбинирана кожа. Ако имате премногу сува кожа, треба да го мешате со мрсни производи: кокосово масло, масло од јојоба и шеа путер.rn

2. Кокосово масло

rnТајната на убавината на жените во Индија се природни масла. Особено кокосовото, кое е главната состојка на многу козметички производи. Тоа помага да се отстранат брчките, правејќи ја кожата мазна.rnrnНајновото истражување потврди дека ова масло има корисен ефект врз изгледот на кожата, природно ја храни и ја негува.rnrnМожете да додадете неколку капки есенцијално масло од сандалово дрво за лекување на проблематичната кожа и за зголемување на нејзината еластичност.rn

3. Бадемово масло

rnОва магично масло го регулира балансот на вода во кожата, го забавува стареењето на клетките и го започнува процесот на нивно обновување.rnrnБадемовото масло е особено корисно за првут и иритација, а може да се користи и како крем за сончање бидејќи ја заштитува кожата од штетните УВ-зраци. Патем, ако не сакате силни мириси, бадемовото масло е идеален избор за вас. Тоа е неутрално.rn

4. Масло од сусам

rnОва масло продира длабоко во кожата, ја храни и ја хидрира. Го запира предвременото стареење на кожата, а сето тоа благодарение на големата количина масни киселини.rn

5. Масло од коска од кајсија

rnМаслото од коска од кајсија е идеална основа за природна нега на кожата. Богато е со гама-линоленска киселина, што ја прави кожата мазна и затегната. Витамините А и Е помагаат во обновувањето на кожата и учествуваат во формирањето колаген кој се бори против брчките.rnrnОва масло може да се користи за кој било вид кожа, но е особено корисно за хидрирање на сувата кожа.rnrnПрочитајте ги овие трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго.