КАФЕ ПАУЗА

Колку бактерии има во салата за вежбање?

Салите за вежбање, справите, простирките и топките кои ги користат голем број луѓе, се совршено место за развој на бактерии и габички, како резултат на големата влага и покачената температура. Тие можат да предизвикаат мала неугодност, но и прилично сериозни здравствени проблеми. Поради тоа, треба да ги избришете сите предмети со крпа, пред и по користење.rnrn(1) Колку бактерии има во салата за вежбање?rn

Торбата со вашите лични работи

rnИстражувањата покажале дека највалкани работи во теретаната се всушност нашите лични работи како ранецот кој го оставаме секаде: на подот, на клупата, во багажникот од автомобилот – објаснува директорот на универзитетот за клиничка микробиологија на универзитетот Њујорк, д-р Филип М. Тјерно.rnrnСе разбира, не предизвикуваат сите бактерии болести, но сепак треба да обрнеме внимание каде ги оставаме торбата, облеката и пешкирите. Со спреј за дезинфекција, попрскајте го багажникот и шкафчето во соблекувалната и избегнувајте да ја оставате торбата на подовите.rn

Шишенцето со вода

rnИ покрај тоа што редовно го миете, сепак на него секогаш има бактерии кои доаѓаат преку рацете, кои претходно биле на шкафчето, на мокриот пешкир, на справите, а потоа и на капачето од шишенцето. Најпаметно е да го полните шишето со вода до врвот уште од дома, добро да го измиете грлото од внатрешната и надворешната страна, да не го оставате во шкафчето и никогаш да не го делите со други луѓе – истакнува микробиологот Михаел Шмит од универзитетот Јужна Каролина. Тој објаснува дека делењето шишенце со некој друг е најлесниот начин за добивање норовирус.rn

Справи и опрема за вежбање

rnКога одите во сала за вежбање, со вас носете си крпа или влажни марамчиња за чистење прашина, со кои ќе го исчистите шкафчето и справите за вежбање, пред и по употреба и предупредете ги тие пред вас кои не го сториле тоа. Доколку сте настинати, немојте тој ден да одите во салата за вежбање.rn

Туширање во фитнес-центар

rnДоколку се туширате во фитнес-центарот, во кадата влезете со папучи, кои ќе ве заштитат од габите кои демнат на плочките. Слични правила важат и во сауна. На тој начин ќе се заштитите од разни болести и инфекции.rn

Дополнителни совети за спречување зарази:

rn

    rn011

  • Мијте ги рацете пред и по вежбање
  • rn011

  • Избегнувајте да го допирате лицето со рацете
  • rn011

  • Доколку поред мијалникот нема хартија за раце, исчистете ги со гел за дезинфекција после вежбањето
  • rn011

  • Во салата влегувајте само со чисти патики, а доколку вежбате пилатес или јога, секогаш носете чорапи и хеланки, никако немојте да вежбате боси.
  • rn

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.