Колачиња со чоколадо и чили

Сподели

Инките биле големи љубители на комбинацијата од чили и чоколадо, а во денешно време можете да најдете разни рецепти за чоколадни колачиња со сочна текстура и чили, кој додава необичен „огнен“ вкус.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 200 г несолен путер
  • rn 011

  • 170 г кафеав шеќер
  • rn 011

  • 115 г шеќер во прав
  • rn 011

  • 2 јајца
  • rn 011

  • 300 г брашно
  • rn 011

  • 60 г какао
  • rn 011

  • 1 лажичка цимет
  • rn 011

  • ½ или 1 лажичка чили во прав (по вкус)
  • rn 011

  • ½ лажичка сол
  • rn 011

  • 100 г темно чили чоколадо (сечкано)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn

    rn 011

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење.
  2. rn 011

  3. Ставете ги путерот и шеќерот во еден голем сад и разбијте со миксер. Матете околу 5 минути.
  4. rn 011

  5. Додајте ги јајцата едно по едно. Матете со миксерот после додавањето на секое јајце.
  6. rn 011

  7. Додајте ги брашното, какаото, циметот, солта и чилито во прав. Мешајте додека не се формира густо тесто.
  8. rn 011

  9. Додајте го и сечканото чоколадо и добро измешајте. Со помош на лажица направете топчиња и поставете ги на хартијата за печење, оставајќи празно место меѓу секое топче. Користете влажна лажица за да го израмните врвот на колачињата.
  10. rn 011

  11. Печете 12-14 минути или сѐ додека колачињата не станат цврсти на краевите, а во средината треба да останат малку меки. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  12. rn

rnПогледнете го и овој рецепт за домашен сладолед од чоколадо без јајца.

Популарно

Може ќе ве интересира