Кој ја направи револуцијата во модата со воведувањето на женското одело?

Сподели

Во деловниот свет, можеби една од најмоќните работи е првиот впечаток. Затоа ако треба да одите на важен состанок или на интервју за работа, не мислете се, облечете го женското одело кое ќе ви ја истакне женската фигура и ќе направи да делувате елегантно и сериозно.

Реклама

Ив Сен Лорен е човекот кој во 20 век го измислил женското одело и токму неговата идеја за машко одело на женско тело ја донела револуцијата во модата. И како што претпоставувате, неговата идеја во 1966 година не била прифатена со воодушевување, туку како голем скандал. Но, Лорен никако не отстапувал од неговата идеја за женско одело кое ќе ја направи жената независна, слободна, еманципирана и рамноправна со мажите.

Денес женските одела се носат во повеќе бои, иако не е занемарена ни класичната црна боја која е синоним за елеганција. Вие бидете храбри и осмелете се да носите и одела во други бои, не само бели и црни. Тие ја истакнуваат вашата фигура и елеганција.

Реклама

Идејата на Лорен сега веројатно ги надминува и неговите најголеми замисли за женското одело, бидејќи денес не постои женски орман каде нема да најдете барем едно одело.

Најново

Може ќе ве интересира