Отчукувањата на срцето во минута, кои уште се нарекуваат и пулс, се важни при откривањето на состојбата на вашето срце и здравјето на целиот крвоток. Многу луѓе често ги бројат отчукувањата на срцето, а во денешно време, постојат и мобилни апликации кои се мерат преку отпечаток од прсти. Сепак, не секој знае која е нормалната вредност, затоа што нормалното отчукување на срцето варира од личност до личност, а нормалниот опсег на возрасни е од 60 до 100 отчукувања во минута.rnrn
rnrnПулсот зависи од различни фактори: возраст, пушење, кардиоваскуларни заболувања, висок холестерол, дијабетес, лекови, температура, позиција на телото и активностите со кои луѓето се занимаваат.rnrnПознато е дека кај децата срцето чука побрзо, а кај спортистите побавно, во однос на просечната возрасна личност. Понекогаш родителите можат да се исплашат кога ќе им го измерат пулсот на децата, бидејќи тој може да биде многу бавен или многу брз – од 60 отчукувања во минута во состојба на мирување, па сè до 220 отчукувања во минута за време на физичка активност.rnrnКај децата кои се занимаваат со спорт, нормалниот пулс во состојба на мирување може да биде од 40 до 50 отчукувања во минута. Кај децата варијациите на пулсот се нормални и нема потреба за страв. Секако можете да го проверите неколку пати, по кратки паузи и доколку абнормалните броеви се повторуваат, треба да се обратите кај лекар.rnrnКај здравите возрасни личности, нормалниот пулс е помеѓу 60 и 80 отчукувања во минута, но може да дојде и до 100, што се смета за нормална граница. Над 100 отчукувања во минута во состојба на мирување кај здравите возрасни личности може да претставува причина за загриженост.rnrnВо зависност од возраста, просечниот број на отчукувања на срцето во состојба на мирува изнесува:rnrnЗа жени:rn
- rn 011
- 18-25 години = 74-78
- 26-35 години = 73-76
- 36-45 години = 74-78
- 46-55 години = 74-77
- 56-65 години = 74-76
- 65+ години = 73-76
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЗа мажи:rn
- rn 011
- 18-25 години = 70-73
- 26-35 години = 71-74
- 36-45 години = 72-75
- 46-55 години = 72-76
- 56-65 години = 72-76
- 65+ години = 70-73
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnКај спортистите пулсот е помеѓу 40 и 60 отчукувања, кај трудниците е во просек од 60 до 70 во минута, а кај здравите возрасни личности по физичка активност, најчесто измерениот пулсот е помеѓу 120 и 150 отчукувања во минута.rnrnВо зависност од возраста, просечниот број на отчукувања на срцето кај активните личности, за време на вежбање со голем интензитет (50%-80%) изнесува:rnrnЗа жени:rn
- rn 011
- 18-25 години = 100-170
- 26-35 години = 94-160
- 36-45 години = 90-153
- 46-55 години = 85-145
- 56-65 години = 83-140
- 65+ години = 78-132
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЗа мажи:rn
- rn 011
- 18-25 години = 95-162
- 26-35 години = 93-157
- 36-45 години = 88-149
- 46-55 години = 84-142
- 56-65 години = 80-136
- 65+ години = 75-128
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnИако постои широк спектар на нормален пулс, кој се разликува од личност до личност, невообичаениот висок или низок број на отчукувања на срцето може да укажува на основен проблем. Проблемот настанува доколку отчукувањата во состојба на мирување се повеќе од 100 во минута (оваа состојба се нарекува тахикардија) или доколку не сте спортист, а во состојба на мирување пулсот ви е помал од 60 отчукувања во минута (оваа состојба се нарекува брадикардија).rnrnДоколку се препознавате во овие состојби, особено ако имате и други знаци или симптоми како несвестица, вртоглавица или се задишувате лесно, задолжително треба да се обратите кај својот лекар.rnrnДознајте повеќе и што значи кога вашиот пулс е повисок или понизок од нормалната граница?