Ориганото не само што е вкусен туку е и хранлив зачин, а тоа се должи на бројните хранливи материи како витамин К, манган, железо, калциум, витамин Е, бакар, ниацин и бета каротен.rnrn
rnrnПо потекло е од Медитеранот и е незаменлив зачин во гастрономијата на Италија, Шпанија, Турција, но и кај нас. Самото име оригано доаѓа од грчкиот јазик (орос=рид, ганос=накит), и значи планински накит. Според народното верување, штити од зло и го подобрува расположението.rnrnЗа медицински цели се користел уште од античко време, а го користеле и Грците и Римјаните. Покрај листовите од оригано, неговото масло се користи преку триење на кожата или со вдишување, додека екстрактот од оригано може да се користи како течност или во капсули.rnrnКако хербален додаток, маслото од оригано е познато по своите антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Содржи неколку потенцијално лековити соединенија, како што се: карвакрол, тимол и терпинен.rnrnЛуѓето традиционално го користат маслото од оригано за лекување на симптоми на настинка и грип, но може да се консумира во различни форми во зависност од вашите преференции. Може да се купи како хербален додаток, тинктура или есенцијално масло.rnrnМаслото од оригано е безбедно за употреба, но може да предизвика некои несакани ефекти. Избегнувајте да го користите ако сте алергични на нане, жалфија, босилек или лаванда. Ако сте алергични на некој од овие зачини, веројатно сте алергични на оригано. Не користете масло од оригано ако сте бремени и разговарајте со вашиот педијатар пред да му го дадете на вашето дете.rnrnПостојат неколку начини на употреба на маслото од оригано. Можете да купите масло од тинктура од оригано, кое е мешавина од екстракт и есенцијално масло и е наменето за орална употреба. Следете ги упатствата за дозирање на шишето. Маслото од оригано се продава и во форма на капсули. Внимателно прочитајте ги упатствата за дозирање.rnrnБез оглед на тоа зошто земате масло од оригано, задолжително правете пауза од најмалку една недела на секои три недели од употребата.rnrnМаслото од оригано е моќна супстанција, па затоа најдобро е да започнете со најмала можна доза за да видите како реагира вашето тело.rnrnМожете полека да ја зголемите количината што ја земате доколку не сте имале непријатни несакани ефекти. Само бидете внимателни да не консумирате повеќе од препорачаната количина наведена на пакувањето. Исто така, имајте предвид дека препорачаните дози може да варираат од производител до производител.rnrnОткако прочитавте за здрвствените придобивки на маслото од оригано, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 4 ситуации маслото од оригано ќе ви биде од голема помош.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?
