КАФЕ ПАУЗА

Кога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи…

Кога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи...

Written by

in

,

Ова се 55 совети кои секој татко би можел да ѝ ги каже на својата ќерка.rnrnКога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи...rn

    rn011

  1. Светот е огромен и вреди да се истражи.
  2. rn011

  3. Смеј се секогаш кога ќе најдеш каква било причина за тоа. Смеењето им годи на душата и здравјето.
  4. rn011

  5. Знам дека нема да ме послушаш за ова, но не брзај да пораснеш. Ќе дојде ден кога ќе сакаш да го забавиш текот на времето.
  6. rn011

  7. Здравјето е многу важно. Грижи се за него.
  8. rn011

  9. Семејството секогаш ќе ти биде на располагање. Не плаши се да прашаш или побараш што било.
  10. rn011

  11. Да бидеш своја е неопходно за да бидеш среќна. Мисли со своја глава и сама носи ги своите одлуки.
  12. rn011

  13. Разумот е многу корисна алатка во животот. По неа се разликуваат оние што се успешни наспроти оние кои водат стресен живот и никогаш не учат од грешките.
  14. rn011

  15. Сечие мислење не е битно, но вреди да се сослуша. Ако ништо друго, ќе го прошириш својот поглед за уште една перспектива.
  16. rn011

  17. Насилството не смее да има место во твојот живот, освен ако, не дај Боже, дојдеш во ситуација да треба да се одбраниш.
  18. rn011

  19. Не ги прифаќај расизмот, сексизмот и каков било друг облик на нетолеранција и дискриминација.
  20. rn011

  21. Секој заслужува почит, освен ако тој или таа не те почитува тебе.
  22. rn011

  23. Луѓето на светот главно се добри, но има и многу кои се лоши. Немој да им судиш додека не дознаеш доволно за нив.
  24. rn011

  25. Набљудувањето е клучот за разбирање на светот околу тебе. Набљудувај и потоа пробај да ја разбереш околината. Потоа пак набљудувај.
  26. rn011

  27. Секогаш размислувај два чекори однапред. Не размислувај само за последиците од твоите дела, туку и за последиците од тие последици.
  28. rn011

  29. Секогаш имај план Б.
  30. rn011

  31. Одлуката за тоа што ќе правиш со животот не се донесува само еднаш. Таа може да се менува како што ќе се менуваат твоите желби, интереси и потреби.
  32. rn011

  33. Биди добра со животните. Тие не се луѓе, но се живи суштества кои чувствуваат. Тие не се толку различни од нас како што некои луѓе сакаат да веруваат.
  34. rn011

  35. Сомневај се и преиспитувај го секое тврдење во животот.
  36. rn011

  37. Во ред е ако не знаеш нешто. Можеш да научиш.
  38. rn011

  39. Интелигенцијата е многу вреден квалитет.
  40. rn011

  41. Жените не само што се паметни исто колку и мажите, туку се и попаметни од повеќето мажи.
  42. rn011

  43. На жените не им се неопходни мажите.
  44. rn011

  45. Нема ништо погрешно во тоа да бидеш геј. Ако повеќе ти се допаѓаат жените, уживај во тоа.
  46. rn011

  47. Имаш слобода да одбереш која религија најмногу ти одговара.
  48. rn011

  49. Читањето е важно, а може и многу да се ужива во него.
  50. rn011

  51. Ако сакаш да учиш за животот, тогаш нурни во светот на науката и филозофијата.
  52. rn011

  53. Избери факултет кој ќе сакаш да го учиш. Не грижи се толку многу за тоа каде ќе работиш, на тоа ќе мислиме кога ќе завршиш.
  54. rn011

  55. Вмрежувањето со вистинските луѓе значително ќе те доближи до успехот.
  56. rn011

  57. Многу е важно да имаш добри пријатели, но имај предвид дека сите луѓе не се способни да бидат тоа.
  58. rn011

  59. Почни со сексот кога ќе бидеш вљубена. Ова не значи дека треба долго да чекаш да дојде „вистинскиот“, но можно е подоцна да преферираш љубовта да била присутна во тоа.
  60. rn011

  61. Сексот може да биде супер со вистинската личност и да направи да се чувствуваш најубаво на светот. Но, со погрешната личност ќе ти даде сосема спротивно чувство.
  62. rn011

  63. До кај 25-годишна возраст, повеќето мажи ќе бидат покрај тебе само поради желбата да те легнат.
  64. rn011

  65. Сакај ги и цени ги своите браќа и сестри. Тоа може да биде напорно на моменти, но ќе си се најдете во животот.
  66. rn011

  67. Пиењето алкохол може да биде забавно, но и опасно.
  68. rn011

  69. Истото важи и за дрогите. За нив е најдобро ако никогаш не ги пробаш.
  70. rn011

  71. Дознај го потеклото на производите кои ги купуваш. Тоа е многу корисно.
  72. rn011

  73. Секогаш користи кондоми и други средства за контрацепција. Не ризикувај фаќање на сексуално преносливи болести и немој да имаш деца додека не си спремна за тоа.
  74. rn011

  75. Никогаш немој да возиш во нестабилна состојба. Никогаш!
  76. rn011

  77. Секогаш врзувај се кога возиш, не користи го телефонот додека го правиш тоа и вози одговорно.
  78. rn011

  79. Не влегувај во ситуации кои се опасни по твоето здравје или живот.
  80. rn011

  81. Љубовта може да биде и најубавата и најгрдата работа на светот.
  82. rn011

  83. Кога ќе најдеш некого покрај кого можеш да се замислиш до крајот на животот, немој да го испуштиш. Можеби ќе бидеш исплашена и загрижена, можеби нема да бидеш сигурна во себе, но ако го испуштиш засекогаш ќе жалиш за тоа.
  84. rn011

  85. Не мора да се мажиш, но убаво е да најдеш животен партнер. Не брзај во тоа.
  86. rn011

  87. Не дозволувај да бидеш нечиј трофеј.
  88. rn011

  89. Нема ништо погрешно во тоа да бидеш домаќинка додека мажот го обезбедува семејството. Прави го тоа што те прави среќна.
  90. rn011

  91. Влези во брак исклучиво поради љубов и поради ниту една друга причина. Разводот не е пријатен.
  92. rn011

  93. Во ред е да се разведеш ако си направила грешка при изборот на сопруг. Не останувај во брак ако не ти одговара тоа. Ќе биде потешко ако имате и деца, но доколку носите зрели одлуки тоа може да заврши со минимална штета.
  94. rn011

  95. Ти сама си го дизајнираш животот. Ти и никој друг.
  96. rn011

  97. Ако има нешто кое многу силно го посакуваш, тоа и ќе го добиеш. Но, немој да очекуваш дека самото ќе ти дојде в раце. Тоа треба да си го заработиш.
  98. rn011

  99. Простувај им на луѓето, но знај дека е разбирливо ако некогаш не можеш да го сториш тоа.
  100. rn011

  101. Отворениот ум го прави животот поубав.
  102. rn011

  103. Избегни го каењето. Преземај ризици и прави грешки ако е потребно.
  104. rn011

  105. Продолжувањето на животот на оваа планета е наша одговорност. Грижи се за целата природа, не само за луѓето.
  106. rn011

  107. Не се помирувај со животот таков каков што е, ако тој не ти се допаѓа. Секој следен момент е можност да го промениш.
  108. rn011

  109. За да направиш промени во животот, потребно е само да одлучиш за тоа. Ако подоцна се премислиш, тоа значи дека никогаш и не си ги сакала промените.
  110. rn

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.