Без разлика кои бои се во тренд, секогаш ќе постојат нијанси кои изгледаат добро на вас и некои кои едноставно не ви прилегаат. На ниеден човек не му стои секоја боја, бидејќи палетата бои кои најдобро ви прилегаат, ја определува комбинацијата од бојата на вашите очи, коса и тен. Ако ги знаете боите кои најдобро ви стојат, ќе можете да направите разлика помеѓу тоа дали е подобро да носите златен или сребрен накит, дали црвена блуза ќе изгледа одлично или ужасно на вас и какви нијанси на шминка треба да нанесувате. Навистина е важно да ја знаете вашата палета на бои, бидејќи во спротивно ризикувате да изгледате многу лошо.rnrnВерувале или не, постои еден старомоден начин, кој ви кажува кои се вашите бои и тој е сè уште релевантен после многу години. Станува збор за една студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.rnrn
rn
Како да откриете кои бои вам најдобро ви прилегаат?
rnВо главно, анализата на бои се заснова на вашата природна боја на коса, кожа и очи и начинот на кој тие нијанси се во комплементарен или спротивен однос со боите кои одлучувате да ги облечете на себе.rnrnАнализата на бои ги сведува сите луѓе во четири сезони на бои: пролет, лето, есен и зима. Понатаму, овие четири сезони се поделени уште на 3 различни поткатегории. Системов не е совршен, но може навистина да ви помогне да добиете основна идеја, за тоа кои нијанси бои се одлични за вас.rn
Со помош на графиконов, прво треба да откриете кое годишно време сте.
rn

rnАко имате проблем околу ова, застанете пред огледало и земете по едно парче облека со морнарско-сина боја, јагленесто-сива, медова и светлокафена боја. Ако немата облека во оваа боја, употребете што било, макар и хартивче и ставете го покрај вашето лице. Ако бојата станува доминантна во однос на вашето лице, тогаш тоа е знак дека бојата не е во ред за вас. Ако пак ве освежува, прави вашите очи да изгледаат посветли и косата ви изгледа подобро, тогаш сте ја нашле вашата добитна комбинација.rnrnОткако го пронајдовте вашето годишно време, според нијансата на вашата коса, очи и тен, пронајдете ја вашата поткатегорија, за да дознаете кои се вашите нијанси на бои.rn
Типови пролет:
rn
1. Рана пролет
rn
Очи: сини, зелени, тиркизни или светла лешник-бојаrnКоса: светла до средно златеникаво-руса, сребреникаво-руса или светло до средно кафена бојаrnКожа: бледо розеникава или розеникава-беж боја
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
![]()
rnrn
2. Свежа пролет
rn
Очи: тиркизно-сини, зелени, златеникаво-кафени или жолтеникавиrnКоса: средно до темно кафена или кафено-црна. Тука спаѓаат и оние кои имаат темна коса со шатирани црвени прамени.rnКожа: бронзена, костенлива, темно кафена (кај мелезите), светла окер боја, светло розеникава, бледа кожа со порцелански изглед
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
![]()
rnrn
3. Топла пролет
rn
Очи: жолтеникави, маслинесто-зелени, светла лешник-боја или светло тиркизни очиrnКоса: светла златеникаво-кафена, црвена, руса со нијанса на морков-боја, темна лешник-боја со златеникав сјајrnКожа: бронзена, златеникаво-беж, светло розеникава или бледа кожа со порцелански изглед. Кожата може да е пегава.
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
rn
Типови лето:
rn
1. Рано лето
rn
Очи: сини, зелени или сивиrnКоса: светла до средна сребреникаво-руса или светла до средна лешникова боја со сивкаст сјајrnКожа: светло розеникава, бледа со порцелански изглед, беж боја или розеникава-беж (се мисли на кожа со беж боја, нашминкана со пудра со розеникава нијанса)
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
rn
2. Мирно лето
rn
Очи: сивкасто-сини, лешник-боја или светло тиркизниrnКоса: светла до средна лешникова боја со сивкаст сјај, средно кафена (тука спаѓаат и оние кои имаат шатирана коса со руси прамени)rnКожа: светла до средна беж боја
rnrn
Најдобрите бои за вас се:rn
rn
rn
3. Ладно лето
rn
Очи: сиви, сини или тегетrnКоса: средна до темна лешникова боја со сивкаст сјај или кафена со малку или без црвенкаст сјајrnКожа: розеникава-беж, сива-беж или природна светла беж боја
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
rn
Типови есен:
rn
1. Длабока есен
rn
Очи: темно кафени, светло костенливи, црни или темно зелениrnКоса: средно кафена, средна до темно кафена со бронзен сјај, темно костенлива или црнаrnКожа: светла до средна беж, златеникаво-кафена, темно кафена, маслинеста
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
rn
2. Дождлива есен
rn
Очи: светло кафени, светла лешникова боја, сини или сиво-зелениrnКоса: златеникаво-руса до средно кафена или кафена со малку црвенкаст сјај. Може да има руси или црвени прамени.rnКожа: светла до средна беж боја, златеникаво-кафена
rnrn
Најдобрите бои за вас се:rn
rn
rn
3. Топла есен
rn
Очи: кафени, маслинести, лешник боја или жолтеникавиrnКоса: темно костенлива, црвена, руса со нијанса на морков-боја или златеникаво-русаrnКожа: бронзена, златеникаво-кафена, златеникаво-беж или светло беж
rnrn
Најдобрите бои за вас се:
rn
rn
Типови зима:
rn
1. Длабока зима
rn
Очи: црни, темно кафени накај црни или светло костенливиrnКоса: темно кафена накај црна, средно кафена, сребрено-сива или прошарана коса која белееrnКожа: црна, средна беж, кафено-црна или маслинеста без розеникави или касија-нијанси
rnrn
Најдобрите бои за вас се:rn
rn
rn
2. Снежна зима
rn
Очи: светло сини, лешник-боја, виолетови или зелениrnКоса: црна, костенлива, средно кафена или темно кафенаrnКожа: црна, темно кафена, природна беж, светло маслинеста, млечно бела (најчесто изгледа како да е транспарентна)
rnrn
Најдобрите бои за вас се:rn
rn
rn
3. Студена зима
rn
Очи: сиви, сини, темно кафени или виолетовиrnКоса: црна коса со тегет сјај, сребрена, прошарана коса која белее. Тука не спаѓаат црвените тонови.rnКожа: средна беж, маслинеста или природна беж
rnrn
Најдобрите бои за вас се:rn
rn
.rnЗаклучок: Имајте на ум дека можеби некои од боите прикажани погоре, нема да стојат фантастично на вас, но сепак тие се најдобрите нијанси според бојата на вашите очи, коса и кожа, кои дефинитивно треба да ги инкорпорирате во вашата гардероба.rnrnИсто така, можеби ќе се пронајдете во неколку различни поткатегории. Тоа е сосема во ред и нормално. Целта на сезоните е само да ви даде основа за тоа кои се вашите најдобри бои. Тие не се некои статични правила, кои морате строго да ги почитувате.rnrnВи препорачуваме да експериментирате со различни нијанси, за да откриете кои најдобро ви прилегаат. Затоа, пред да одите на шопинг можете да го испечатите овој пост, како и водичот за комбинирање бои во вашата гардероба, за да ги имате вашите бои секогаш при рака.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
