Во врска сте веќе неколку месеци, но никогаш не сте се скарале со партнерот. Одеднаш доаѓате до конфликт и не знаете како да се однесувате. Дали тоа е знак дека на врската ѝ дошол крајот? Секако дека не. Всушност, вашата врска исто како да не започнала додека не дојдете до ситуација да се скарате.rnrn
rnrnНе можете вистински да го запознаете партнерот додека не видите каков е кога не се согласува со вас. А клучот за успешната караница се крие во добрата комуникација. Прочитајте ги следните три совети кои ќе ви помогнат да се справите со првата караница со вашиот партнер…rn
1. Не копајте дупка
rnКога ќе дојдете до конфликт сигурно ќе си помислите дека врската е изложена на ризик. Можеби дури и ќе го прашате партнерот дали сѐ уште сака да биде со вас. Тоа се нарекува копање дупка. Се соочувате со некаков проблем и вие наместо да го решите, се закопувате уште подлабоко. Немојте да го водите разговорот во насока која може да доведе до крај на врската. Фокусирајте се на позитивните работи и не спомнувајте раскинување.rn
2. Променете ја темата
rnПроблемите многу ретко се решаваат во моментот кога настанале. На мажите особено им треба време за да ги дефинираат мислите и да најдат начин да ги искажат. Можеби си мислите дека мора во истиот момент да го решите проблемот. Но, најдобро е да ги оставите работите нерешени некое време. Застанете за момент, земете воздух и променете ја темата. Ова можете да го направите на многу едноставен начин, како на пример со реченицата: „Те разбирам. Што сакаш за вечера?“. Тоа е знак дека знаете како да се справите со незгодните ситуации и конфликтите за вас не претставуваат крај на светот.rn
3. Оставете го решавањето на проблемите за тогаш кога ќе ги поправите односите
rnДоколку имате доволно трпение да ги тргнете проблемите настрана кога сте со вжештена глава, партнерот ќе заборави на караницата и ќе се сети зошто ве сака и колку му е забавно кога е со вас. Пожелно е да им обрнете внимание на проблемите кога ќе ги поправите меѓусебните односи. Тогаш кога и двајцата ќе бидете повторно вљубени и среќни, проблемите нема да ви се чинат како голема работа. Можете да го спомнете проблемот со зборовите „Те сакам, но имам некое лошо чувство во врска со нашиот проблем. Што мислиш ти за тоа?“. Потоа, слушајте внимателно и заеднички дојдете до вистинското решение.rnrnКарањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почеток. Станува збор за едноставна формула: Не копајте дупка, променете ја темата и почекајте да помине некое време за да ги поправите односите. Тогаш ќе имате доволно самодоверба за да излезете од непријатната ситуација достоинствено и храбро.