КАФЕ ПАУЗА

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

rn

Се забавувате дури и кога не правите ништо интересно

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnМожете да го поминете целиот ден излежувајќи се дома и да уживате во тоа затоа што сте заедно. Нема потреба да правите нешто возбудливо или необично за да се забавувате, најважно е што сте еден покрај друг.rn

Природно ви доаѓа да гo допирате вашиот партнер

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnБез разлика дали станува збор за случаен или намерен физички контакт, се чувствувате физички опуштени еден покрај друг. Можете да ја ставите главата на неговото рамо, да ја фатите за рака или да се прегрнете без воопшто да размислувате. Тоа ви доаѓа сосема природно.rn

Секогаш наоѓате начин да ги направите нештата урнебесно смешни

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНе е важно дали гледате комедија или си лежите по тренерки, не постои ситуација од која не можете да извлечете нешто смешно. Животот е десет пати посмешен кога сте заедно.rn

Не мора да се контролирате кога сте покрај вашиот партнер

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНе треба да смислувате соодветен начин да се изразите или однесувате. Вашиот партнер секогаш ги чувствува вашите мисли и разбира што навистина мислите. Тоа ја сведува тензијата во врската на минимум.rn

Разговорот помеѓу вас тече природно

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНе треба да размислувате што ќе зборувате затоа што уживате во разговорот за апсолутно сѐ. Треба само да почнете да муабетите и разговорот може да трае со часови.rn

Можете да се исмевате без да се навредите

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНе чувствувате како да ризикувате кога се шегувате на сметка на вашиот партнер. Целосно ја разбирате вашата смисла за хумор и знаете како да се задевате без да ги поминете границите.rn

Не треба да го чекате вистинскиот момент за да се јавите или да пратите порака

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНе се плашите да му пратите 2 или 3 пораки на вашиот партнер кога имате да му кажете нешто. Никогаш не чувствувате дека сте наметливи кога ќе одлучите да му се јавите. Врската помеѓу вас двајца не е игра, туку вистинска привлечност која никогаш не се намалува, ниту за момент.rn

Не ви е гајле што мислат другите за вашата врска

rnКакви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?rnrnНемате потреба јавно да кажувате како тече вашата врска или да ги споделувате деталите од вашиот личен живот со секој кој сака да ве слуша. Не се грижите дали вашите родители ќе го прифатат партнерот или не. Знаете како се чувствувате и ништо друго не е важно. Комплетно сте сигурни во вашиот избор и не ви треба туѓото одобрување.