За накитот кој го носите да дојде до израз и да заблеска во полн сјај, треба да се придржувате до неколку едноставни стилистички правила. Ние ви ги откриваме трите најважни.
rn
Истакнете само едно парче накит
rnДоколку парчињата накит кои сакате да ги носите стилски не си одговараат, се губи убавината и уникатноста на сите нив. Затоа секогаш носете само едно воочливо парче накит. Доколку сакате да носите повеќе парчиња од ист вид накит, тоа нека бидат прстени или алки, никако и едното и другото.rn
Никогаш не го прскајте накитот со парфем
rnОва не смеете да го правите, затоа што тоа влијае на заштитниот слој на одредени делови од накитот, најчесто на металните. Доколку сепак тоа ви се случи, измијте го накитот со топла вода и сапун, а потоа убаво исушете го и исполирајте го со еленска кожа.rn
Темна облека и накит
rnТемната облека одлично го истакнува накитот. Со црни или тегет блузи, кошули или фустани носете неколку брошови или ѓердан со изразен приврзок.
Кога станува збор за костум (сако со здолниште или панталони), тогаш накитот е неизоставен детаљ, кој многу ќе го освежи вашиот изглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

