Tенка e линијaта помеѓу најдобриот пролетен деликатес и храната што никој нема да ја јаде затоа што не сте го исчистиле или не сте го подготвиле добро аспарагусот. Во продолжение прочитајте кои грешки треба да ги избегнувате ако сакате да подготвите вкусно јадење со аспарагус.rnrn
rn
Не го чистите правилно аспарагусот
rnЦврстиот дел од аспарагусот не се јаде, а ако се обидете да го подготвите овој зеленчук без соодветно чистење, ќе добиете јадење што не може да се јаде. Свиткајте го аспарагусот додека не пукне на делот каде што задебеленото стебло се претвора во мек врв. Отстранете го тврдиот дел и користете ги само меките делови.rn
Претерувате со термичката обработка
rnАспарагусот не бара долготрајно готвење, затоа не претерувајте со термичката обработка. Ако сакате да го готвите во вода, ќе ви требаат три до пет минути во зависност од дебелината на самата храна. Исто така, ќе ви бидат потребни неколку минути за да го запржите во тава или да го готвите на пареа.rnrnЌе добиете посебен вкус ако го ставите аспарагусот во рерна. Посипете го со маслиново масло, сол, бибер и малку рендана кора од лимон, па ставете го во рерна на 220 Целзиусови степени околу десет минути.rn
Не користите мраз по готвењето
rnЗелениот зеленчук ја губи својата боја ако се готви подолго време. За да ја задржите свежината на природната боја колку што е можно подолго, по 1-2 минути по готвењето ставете го во „ледена бања“, со ладна вода и коцки мраз.rnrnПрочитајте зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот.