Како позитивниот разговор може да ја зајакне вашата романтична врска?

Сподели

Во скоро секоја врска доаѓа до тој момент кога еден од партнерите, или двајцата, престануваат да обрнуваат внимание на изборот на зборови или почнуваат меѓусебно да се одбиваат со некои празни фрази. Денес ви откриваме како да ја чувате топлината и блискоста во врската и да го избегнете сето она што може да му наштети на вашиот однос. Ова се трите едноставни правила за добра комуникација во врската.

Реклама

1. Кога зборувате за сопствените желби, исфрлете ги зборовите „немој“ и „не сакам“

rnЕлементите во реченицата како што се „немој“, „нема“ и „не сакам“ ѝ даваат на целата комуникација негативен тон. Исто така, нема никаква смисла да ги употребувате доколку зборувате за сопствените желби. Вашиот партнер или партнерка тешко ќе сфати како да се однесува кога ги користите овие фрази. Неодреденоста го остава вашиот партнер со различни опции.

Лоша формулација: „Не сакам да ме контролираш.“

Добра формулација: „Сакам да ми веруваш.“rn

2. Користете „и“ наместо „но“

rnОва правило изгледа едноставно, но ќе ви биде потребно доста време за да се навикнете на оваа промена. Но, таа без сомнение вреди. Разликата можете да ја воочите и самите:

Лоша формулација: „Те разбирам, но сакам и ти мене да ме разбереш.“

Добра формулација: „Те разбирам и сакам и ти мене да ме разбереш.“

rn

3. Немојте да го нарушите комплиментот со негативност

rnДали сте забележале дека некои луѓе мислат дека е паметно да го изразат своето незадоволство дури и додека кажуваат пофалби? Тоа е затоа што се поповрзани со негативни работи отколку со позитивни. Ако сакате да пофалите некого, погрижете се да не ги мешате комплиментите и критиката.

Лоша формулација: „Вечерата беше вкусна, за разлика од вчерашната.“

Добра формулација: „Вечерата беше вкусна, ти благодарам.“

Често ја потценуваме силата на зборовите, а истовремено и немаме време да поработиме на нашите навики во комуникацијата. Од друга страна, се навредуваме кога некој нè третира лошо. Затоа, почнете да работите на подобрување на вашата врска уште сега.

Доколку сакате да ја зацврстите вашата врска или брак, ви предлагаме неколку прашања што можете секојдневно да му ги поставувате на партнерот.

Популарно

Може ќе ве интересира