Не можеме да одречеме дека технологијата сè повеќе се менува и унапредува и сè повеќе влијае врз нашите животи, некогаш на позитивен, а некогаш и на негативен начин. Но влијанието кое технологијата го има врз љубовните врски и романси не е мало и не може да помине незабележано. Колку нешта се смениле од времето кога вашите родители биле на ваша возраст?rnrnЕве како модерната технологија влијае врз нашата перцепција за романтика и како ги менува љубовта и врските.rn

rnrn
Како модерните врски почнуваат?
rnСтатистиката покажува дека во просек 17% од паровите кои ќе стапат во брак во блиска иднина, се запознале онлајн. Сè повеќе зема замав запознавањето на интернет преку социјалните мрежи кои буквално станаа место за наоѓање на совршениот партнер. Сè помалку луѓе се запознаваат при вечерни излегувања, излети со друштво или семејство. Наместо тоа познанствата започнуваат со понуда за пријателство. А не се само социјалните мрежи туку има и куп сајтови кои нудат онлајн-запознавање со вашата „сродна душа“.rnrn
Експериментирање наспроти лично искуство
rnНајчесто паровите кои се запознаваат на интернет веќе прочитале многу еден за друг од податоците кои секоја страна ги остава на своите онлајн-профили. Тоа наголемо ја убива магијата на првиот состанок, бидејќи веќе знаете што да очекувате. И секако, чест е и случајот кога личноста од другата страна на екранот воопшто не е она што се претставува.rnrnНовата технологија ни дозволува на некој начин да експериментираме со љубовта. Да запознаваме нови личности и да шириме познанства, да комуницираме без воопшто да стапиме во контакт лице в лице. Тука се Скајпот и социјалните мрежи кои сè повеќе го ставаат во сенка вистинското искуство.rnrn
Дали вистинската романтика е мртва?
rnАко некогаш луѓето си пишувале љубовни писма во кои ја отворале душата пред љубениот/та, или пак имале храброст да го кажат тоа лице в лице, денес повторно си испраќаме пораки, само што се во форма на мејлови, СМС или пораки на Фејсбук. За многумина тоа звучи како вистинско убиство на романтиката. Без разлика колку сериозно гледате на тоа, сепак не можеме да одречеме дека ваквата комуникација наголемо ја менува перцепцијата за љубов и романтика.
rnrn
Многу полесно стапувате во контакт со оној кој ви се допаѓа
rnНаместо да ја гледате згодната девојка од другата страна на барот, обидувајќи се да соберете доволно храброст, сега можете лесно да стапите во контакт со неа преку интернет. Колку е ова позитивно или негативно, останува самите да одлучите.rnrn
Се менува нашата перцепција за самите себе
rnЗа да му се допаднете некому додека сте пред екранот од својот компјутер, треба да умеете добро да пишувате и да играте со зборови за да го заинтригирате. Во тој случај вие сте послободна и поопуштена личност која би кажала куп работи кои нема храброст да ги каже во живо. Гледајќи си ги сопствените профили и начини на онлајн-комуникација си ја менуваме перцепцијата за самите себе и лесно стануваме нешто што не сме.rnrn
Важноста на надворешниот изглед
rnСликата е сосема различна од средбата во живо. Личноста е фотографирана во одреден момент и врз она што го гледате влијаат многу фактори како осветленоста, квалитетот на сликата и сл. Во време кога се меѓусебно гледаме преку фотографии и си праќаме сигнали на допаѓање преку „лајкот“, дали умееме вистински да ги согледаме нештата?
rnrn
Како невербалната комуникација влијае на врските?
rnКога разговарате со некого преку пораки или онлајн-разговор, колку нешта се менуваат? Не постои интонација, не можете да ја погледнете личноста во очи и вистински да допрете до нечии мисли. Во таквата комуникација не можеме со сигурност да знаеме што другата страна мисли ниту пак да ги протолкуваме насмевките и гестовите.rnrnИмајќи ги сите овие работи предвид, дали технологијата ја менува нашата перцепција за љубовта на позитивен начин или полека, но сигурно ја убива вистинската романтика?rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
